Колку се променија актерите од серијата Lost, 20 години по премиерата?

Освен Еванџелин Лили, повеќето актери од серијата Lost немаат завидна актерска кариера. Како изгледаат денес актерите кои ги глумеа главните ликови?

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-serijata-lost-20-godini-po-premierata-01.jpg

Своевремено, Lost беше една од најпопуларните серии во светот, вклучувајќи и кај нас.

Со бројни пресврти и уште повеќе мистерии, сите ја сакавме серијата бидејќи никогаш не знаевме што можеме да очекуваме од новата епизода.

Иако финалето на серијата до денес го дели мислењето на јавноста, останува фактот дека Lost е серија што до денес има верни фанови.

Поминаа 20 години од премиерата на серијата, а во продолжение погледнете како изгледаат и што прават актерите денес:

Метју Фокс

Метју го глумеше едниот од главните ликови во серијата – доктор Џек Шепард.

По Lost, тој се појави во неколку филмови и серии, како World War Z каде што глуми покрај Бред Пит.

Од 1992 година е во брак со сопругата Маргерита, а заедно имаат две деца.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-serijata-lost-20-godini-po-premierata-02.jpg

Еванџелин Лили

Еванџелин ја глуми Кејт Остен, уште еден од главните ликови во Lost, а за изведбата доби и неколку награди, вклучувајќи и Златен глобус.

Еванџелин има доста поуспешна кариера од колегата Метју и се има појавено во филмови како The Hobbit и Avengers.

Не е во брак, но од 2010 година е во врска со актерот Норман Кали со кого има и две деца.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-serijata-lost-20-godini-po-premierata-03.jpg

Џош Холовеј

Џош Холовеј го глумеше Соер – еден од главните ликови, но и негативци во серијата.

По Lost, тој се појави во неколку филмови и серии како Mission: Impossible – Ghost Protocol и Yellowstone.

Во среќен брак е од 2004 година, а со сопругата Јесика имаат две деца.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-serijata-lost-20-godini-po-premierata-04.jpg

Хорхе Гарсија

Хорхе го глуми Хуго – забавниот лик кој нè освои уште во првата епизода.

По успехот со Lost, немал некои големи улоги, единствено можеби во серијата How I Met Your Mother.

Актерот се држи настрана од јавност, но познато е дека во 2019-та стапи во брак.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-serijata-lost-20-godini-po-premierata-05.jpg

Навин Ендрус

Навин беше номиниран и за Златен глобус, и за Еми награда за улогата на Саид.

Како повеќето од серијата, ни тој нема многу завидна актерска кариера, но има добивано улоги во помали филмови.

Актерот отворено зборува за своето проблематично минато, вклучувајќи ја и неговата зависност од хероин.

Денес вели дека е ослободен од пороците, а дека во слободно време најмногу сака да свири гитара и да танцува.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-serijata-lost-20-godini-po-premierata-06.jpg

Тери О-Квин

Тери го глуми мистериозниот Џон Лок.

По серијата има добивано улоги во помали филмови и серии, како Unsung Hero и Resident Alien.

Во 2010 година стави крај на 30-годишниот брак со бившата Лори, со која доби две деца.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-akterite-od-serijata-lost-20-godini-po-premierata-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Фото-споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите мажи во профил? Бредли Купер, Бред Пит, Николас Кејџ – како изгледаат познатите мажи во профил? ...
Славни парови кои спијат разделени (и тврдат дека тоа е тајната на нивниот среќен брак) Камерон Дијаз е меѓу првите славни личности кои изјавуваа дека тајната на среќни...
Како изгледа денес актерот кој го глумеше Алан Харпер во „Два и пол мажи“? Ќелав, со брада, дотеран во елегантни одела - како изгледа денес актерот кој го ...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg