На 7 години стекнаа популарност, ја критикуваа мајка им – Како изгледаат денес најубавите близначки Клементс?
- Детали
- сабота, 04 мај 2024
Една нивна фотографија објавена на Инстаграм веднаш ги освои сите симпатии, а преку ноќ добија 300.000 следбеници - близначките Клементс на 7 години беа прогласени за најубави во светот, а денес се исто толку прекрасни тинејџерки.
Кога имаа само седум години синооките близначки Ава Мари и Леа Роуз Клементс го освоија светот со својата убавина.
Нивната мајка Џеки Клементс уште од најмала возраст забележала дека девојчињата поседуваат специфична убавина.
Нивните продорни сини очи се она што ги прави посебни, а ако ги погледнете фотографиите на Инстаграм, ќе забележите дека неверојатно потсетуваат на својот татко.
Кога наполниле 7 години, Џеки решила да ги пријави во модна агенција за детски модели.
Тие започнаа успешна манекенска кариера, соработувајќи со престижни брендови како Nike, Disney, Mattel, Target, a потпишаа договори со реномирани агенции, меѓу кои LA Models и Eris Talent Agency.
Во моментот кога почнале да заработуваат Џеки била критикувана дека е лош родител кој ги користи децата за профит и наводно Ава и Леа изгледале тажно додека позирале, иако таа го тврдеше спротивното.
„Дали ги познавате моите ќерки? Очигледно не, штом давате вакви коментари. Ја ценам вашата грижа, но моите девојки се добро! Тие се среќни.
Тие имаат неверојатно детство, многу пријатели со кои играат цело време. Една поза не ја дефинира нивната личност или квалитет на животот“, напиша во една прилика Џеки одговарајќи на коментарите каде ја критикуваат.
И покрај критиките, Џеки Клементс ја бранеше нејзината одлука да ги остави ќерките да ја следат нивната страст, нагласувајќи ги финансиските жртви што ги прават тие како родители за да ги поддржат соништата на нивните деца.
Денес Ава и Леа се тинејџерки и имаат склучено договори со многу познати брендови за облека, а ги красеа и насловните страници на неколку списанија.
Двете го сакаат спортот, а во едно интервју Леа откри дека доколку не била она што е сега, би била тренер по одбојка.
„Мојот дедо беше професионалец за голф и кошаркарски тренер, а татко ми е тренер по пливање, и тие секогаш зборуваат за тоа како го сакаат тоа што го работат.
Мислам дека би можело да биде забавно да се биде тренер, а во моментов ми е многу забавно играјќи одбојка, па мислам дека да се биде одбојкарски тренер може да биде навистина забавна работа од соништата“ - изјави Леа.
Во истото интервју Ава истакна дека најсреќна е во моментите кога им помага на другите:
„Ме прави среќна кога гледам други луѓе среќни и навистина сум благодарна што сум во позиција каде што можам да ја користам мојата платформа за да им помагам на другите.
Една од одличните работи што ја направивме пред неколку години беше соработката со Nail and Bone. Се продаваше лак за нокти, а средствата кои ги собравме беа наменети за лекување на нашиот братучед Шејн кој има спинална мускулна атрофија“.
Може да се каже дека близначките Клементс на свои 14 години постигнаа повеќе отколку што многу други модели можат да сонуваат.
В. К. | Црнобело