Клуни важеше за вечен ерген, но 20 минути ја чекал Амал да каже „да“ – Љубовната приказна на прекрасниот пар
- Детали
- четврток, 02 мај 2024
Една поговорка вели вистинската љубов го наоѓа патот до вас, ретко кога таа го има вистинското значење како во љубовната приказна на Џорџ Клуни и Амал Клуни.
По повеќе од десет години заедно, Џорџ и Амал Клуни изгледаат како еден од најстабилните парови во Холивуд.
Пред нивниот брак, Џорџ не изгледаше многу заинтересиран да влезе во брачни води, а Амал се брануваше како активист и адвокат за човекови права.
Тој важеше за заколнатиот ерген во Холивуд, никој не можеше толку длабоко да влезе во неговото срце и да го освои, но само таа успеа да допре до него и да го однесе до олтарот.
Се запознале во 2013 година во неговиот дом
Во јули 2013, еден негов пријател прашал дали може да донесе пријателка во неговиот дом во близина на езерото Комо, Италија.
Тие минувале низ земјата на пат кон Кан. Пријателот му рекол дека со него е идната сопруга на Клуни и воопшто не згрешил во предвидувањето на иднината на актерот.
„Добив повик од мојот агент кој рече: Ќе те запознаам со оваа жена која доаѓа во твојата куќа, и со која ќе се ожениш“, рече Џорџ во една прилика за странските медиуми.
https://www.instagram.com/p/B3TlmnqArdT/?hl=en
Доказ за тоа дека судбината е онаа која ги реди коцките онака како треба да бидат, е фактот дека Амал во истиот ден кога го запознала сегашниот сопруг, се запознала и со неговите родители.
„Најсмешно беше што мајка ми и татко ми беа на гости. И само разговаравме, останавме цела ноќ и разговаравме. Ми ја даде нејзината е-маил адреса, бидејќи таа требаше да ми испрати неколку фотографии од моите родители. Така почнавме да си пишуваме. Не знаев дали сака да излезе со мене - само мислев дека сме пријатели“ - појаснува тој.
https://www.instagram.com/p/BxhasrbAuJu/?hl=en
Џорџ, тогаш 52, негуваше репутација на еден од најпосакуваните ергени во Холивуд.
„Се вљубив во неа веднаш. Како можеш да одолееш? Освен што е извонредно убава, таа е, исто така, многу интелигентна..."
https://www.instagram.com/p/uvxugrPgZV/?hl=en
Се венчаа по само шест месеци врска
На 28 април 2014 година Клуни решил да ја побара раката на својата сегашна сопруга.
По неколкумесечно планирање на плејлистата со музика со која ќе ја запроси Амал, Џорџ ја покани на домашна вечера криејќи го свршеничкиот прстен од 7 карати во кутијата за запалка што Амал ја користела за да ги запали свеќите на масата.
https://www.instagram.com/p/tiILzOvgW5/?hl=en
„Клекнав на колена, таа само гледаше во прстенот, велејќи: „О, Боже мој“. Беа потребни 20 минути да каже да, бидејќи беше многу шокирана“ - изјави актерот.
Парот се венчаше во септември 2014 година, само една година по нивниот прв состанок. Венчавката се одржа во луксузно одморалиште во Венеција во друштво на семејството и неколку блиски пријатели.
„Сè беше толку природно. Пред него, се надевав дека постои таква љубов што не бара никакво испрашување и слично. Тоа е единственото нешто во животот каде што среќата е најголем фактор.
Имав 35 години кога го запознав Џорџ. Не ни сонував дека тоа ќе ми се случи, а идејата за брак и за семејство воопшто не ме возбудуваше “, рече Амал во едно интервју.
Денес тие се во брак повеќе од единаесет години, ги имаат близнаците Александар и Ела а нивната љубов е за восхит.
Тие ја почитуваат еднаквоста во бракот и се најголема поддршка еден на друг.
В. К. | Црнобело