Како заводникот од „Тропска горештина“ пронајде утеха во Србија?
- Детали
- недела, 07 ноември 2021
Во миговите кога мислел дека му пропаднала кариерата канадскиот актер не ни очекувал дека ќе наиде на голема група обожаватели во Србија и дека на овие простори тој е вистински „идол“.
Оние што растеле во 90-тите не можат да заборават дека секое утро во лето практично почнуваше со епизода од ТВ серијата „Тропска горештина“. Фикционалниот лик Ник Слотер и неговата партнерка Силви секојдневно нè носеа во нови авантури и во борба против криминалците во рајскиот остров.
Актерот што ја толкуваше улогата на Ник Слотер, канаѓанецот Роб Стјуарт на 23-ти јули годинава полни 60 години, а пред речиси една деценија беше шокиран кога дозна колкава слава ужива на Балканот, односно во Србија.
Тој денес е почесен жител на белградската населба „Жарково“, а во интересен спој на судбината дознал дека и неговиот посвоен брат има српско потекло.
Во 2009-тата година, неколку години откако стивнала славата со „Тропска горештина“ Стјуарт се преселил да живее заедно со неговите родители и заедно со неговиот син тинејџер. Чисто од љубопитност почнал да пребарува на Фејсбук да види што има на социјалната мрежа за ТВ серијата во која што тој ја толкуваше главната улога.
Тогаш случајно дознал дека постои страница за обожаватели што му била посветена нему, а била составена од стотици членови што живееле во Србија.
Ова било дополнителен шок за него, затоа што сметал дека улогата на долгокосиот детектив му ја уништила кариерата и не му донела ништо добро. Но, наскоро ќе научи дека неговата улога имала огромно значење во Србија, каде неговиот лик за време на протестите од 90-тите години бил сметан за симбол на надеж и слобода.
Неговото патување во Србија за да ја сфати улогата што ја имал како лик за време на протестите е целосно документирана во филмот „Ник Слотер за претседател“ што бил снимен во 2013-тата година.
Во тој период кога Брус бил во Белград предизвикал вистинска бура во градот. Сите сакале да го видат, сите сакале негов автограм, сакале да се фотографираат со него.
Но, она што филмот го открива како помалку познат податок е дека Ник подоцна дознал дека неговиот брат е посвоен и дека потекнува токму од Србија.
По ова, актерот учествувал уште во пет епизоди на хит серијата Suits со која се прослави и Меган Маркл. Во оваа серија Брус ја толкуваше улогата на адвокатото Тони Џинопулос. Од 2015-тата до 2019-тата Стјуарт ја толкуваше улогата на Килен во серијата Killjoys.
Роб има и свој Инстаграм профил, на која има објавено само три фотографии.
Погледнете како изгледа денес:
Б. С. Б. | Црнобело