Ја држи за да не падне, не ги одлепува рацете од неа: Ирина Шајк на одмор со Бредли Купер, еден месец откако си фати нов дечко
- Детали
- среда, 30 август 2023
„На нејзиниот нов партнер Том Брејди му се допаѓа да ја гледа Ирина заедно со Бредли, затоа што тој е семеен човек и знае низ што минува Ирина и уште повеќе ја почитува затоа што таа е вистинска мајка и се справува со сето тоа“- коментираат извори блиски за новиот дечко на Ирина Шајк, откако таа беше фотографирана на одмор со бившиот партнер и ќерката во Венеција.
Пред 4 години Бредли Купер (48) и Ирина Шајк (37) официјално се разделија, но сѐ почесто привлекуваат внимание заради блискиот однос и отворената размена на нежности, иако повеќе не се заедно.
Откако пред околу еден месец во таблоидите осамна приказната дека Ирина е во врска со поранешниот рагбист Том Брејди, таа деновиве е забележана на одмор во Венеција со поранешниот партнер Бредли Купер, нивната ќерка Леа и мајката на актерот.
Ирина на себе носи долг црн фустан и високи црни потпетици, кои воопшто не се пригодни за возење со брод, па може да се види како нејзиниот поранешен партнер ја придржува додека таа се обидува да влезе за да запловат низ каналите на Венеција.
По возењето со бродот, парот беше на вечера во еден од луксузните локали во градот, каде им се придружи и мајката на Бредли, Глорија Купер.
Инаку Бредли и Ирина беа заедно од 2015-та до 2019-та година и заедно ја добија ќерката Леа, а минатата година ги подгреаја гласините за наводно помирување, откако за првпат заедно заминаа на одмор со ќерката.
Очигледно, тие имаат намера да ја продолжат традицијата и секое лето заедно да одат на одмор, за да покажат како навистина треба да изгледаат поранешни партнери кои и покрај сѐ успеале да останат во добри односи.
Daily Mail, повикувајќи се на сопствени извори, пишува дека на новиот дечко на Ирина, воопшто не му пречи тоа што таа е блиска со поранешниот сопуг.
„Том, кој неодамна се разведе од сопругата Жизел Бундшен ја почитува Ирина и кај неа го привлекува токму тоа што таа знае како смирено да се грижи за својата ќерка заедно со Бредли“ – се вели во статијата.
Наводно, Том смета дека е одлично тоа што таа има добри односи со Бредли затоа што тој треба да биде во добри односи со двете поранешни сопруги со кои има деца Жизел и Бриџит Мојнахан и воопшто не е љубоморен кога таа поминува време со поранешниот партнер и нивното дете.
„На Том му се допаѓа да ја гледа Ирина заедно Бредли, затоа што тој е семеен човек и знае низ што минува Ирина и уште повеќе ја почитува затоа што таа е вистинска мајка и се справува со сето тоа и воопшто не е лесно.
Том го привлекува Ирина затоа што таа е силна жена и прекрасна мајка и затоа ја почитува“ – пишува порталот.
Прочитајте и Живее со неа, раскинува со девојките што не ѝ се допаѓаат – Докази дека Бредли Купер е „мамин син“
Повеќе фотки од одморот на Ирина Шајк и Бредли Купер:
Б. С. Б. | Црнобело