Живее со неа, раскинува со девојките што не ѝ се допаѓаат – Докази дека Бредли Купер е „мамин син“

Сите девојки што сакаат да бидат во врска со Бредли Купер треба да прифатат дека во неговиот живот веќе една жена го има главниот збор. Актерот е многу близок со неговата мајка Глорија Кампано, а честопати сака да нагласува дека тој е подготвен да направи сѐ за неа.

zhivee-so-nea-raskinuva-so-devojkite-shto-ne-i-se-dopagjaat-dokazi-deka-bredli-kuper-e-mamin-sin-01.jpg

Бредли Купер (48) е роден во 1975-та година во Филаделфија, во време кога неговата мајка работела во локална телевизија, а татко му работел како брокер на берза, така што актерот израснал во семејство од средната класа.

zhivee-so-nea-raskinuva-so-devojkite-shto-ne-i-se-dopagjaat-dokazi-deka-bredli-kuper-e-mamin-sin-07.jpg

Глорија потекнува од италијанско семејство и иако е ситна жена, таа има големо влијание во животот на актерот: сите знаат дека тој бара совет од неа за сѐ – од избор на девојки до улогите што ги прифаќа.

zhivee-so-nea-raskinuva-so-devojkite-shto-ne-i-se-dopagjaat-dokazi-deka-bredli-kuper-e-mamin-sin-02.jpg

Освен што е близок со мајка му, актерот бил многу близок и со татко му. Кога татко му добил дијагноза дека боледува од рак, Бредли направил сѐ за да му помогне.

Во моментот кога дознал дека нема шанси за спас, Бредли се вратил во семејниот дом за да му се посвети целосно на својот родител.

zhivee-so-nea-raskinuva-so-devojkite-shto-ne-i-se-dopagjaat-dokazi-deka-bredli-kuper-e-mamin-sin-08.jpg

Неговите родители имале мошне хармоничен брак, а по смртта на татко му во 2011-та година, актерот одлучил да ја викне мајка му да живее со него.

„Тоа беше раздор и последиците сѐ уште ги чувствуваме. Јас и мајка ми си требаме еден со друг“ – рече во една прилика актерот.

zhivee-so-nea-raskinuva-so-devojkite-shto-ne-i-se-dopagjaat-dokazi-deka-bredli-kuper-e-mamin-sin-11.jpg

Мајка му била ангажирана и како консултант за време на снимањето на неговиот филм Joy.

Што се однесува до односот на Бредли со девојките, се знае дека таа имала многу големо влијание врз неговиот приватен живот. Така, според гласините, Глорија многу ја сакала Рене Зелвегер, но не ѝ се допаѓала Зои Салдана.

zhivee-so-nea-raskinuva-so-devojkite-shto-ne-i-se-dopagjaat-dokazi-deka-bredli-kuper-e-mamin-sin-13.jpg

Глорија била мошне блиска со Ирина Шајк и според некои пишувања, таа најгласно навивала за тоа Бредли и манекенката да се помират, но сепак постоеја и гласини дека Ирина го оставила заради неговата претерана врска со мајка му.

zhivee-so-nea-raskinuva-so-devojkite-shto-ne-i-se-dopagjaat-dokazi-deka-bredli-kuper-e-mamin-sin-04.jpg

Инаку, во 2021-ва година, непосредно по избувнувањето на пандемијата актерот откри дека сѐ уште живее со мајка му и дека во тој период биле во карантин заедно со неа и со ќерката што ја доби од врската со Ирина Шајк.

„Мајка ми наскоро ќе наполни 80 години и носи стома (медицинска ќеса на стомакот), па не смеам да пуштам никого дома.

Ниту пак, смеам да излезам од дома, затоа што ако таа се заболи од ковид, тоа ќе значи крај за неа.

Живееме во мала куќа и за среќа имаме двор. Во моментов јас сум главен воспитувач на ќерка ми. Држиме часови по пливање во кадата“ – рече тој.

zhivee-so-nea-raskinuva-so-devojkite-shto-ne-i-se-dopagjaat-dokazi-deka-bredli-kuper-e-mamin-sin-09.jpg

Инаку, неодамна Бредли и Ирина Шајк ги подгреаја гласините за помирување откако беа објавени повеќе нивни заеднички фотографии, а манекенката веќе знае дека Глорија има големо значење во животот на актерот.

zhivee-so-nea-raskinuva-so-devojkite-shto-ne-i-se-dopagjaat-dokazi-deka-bredli-kuper-e-mamin-sin-15.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg