Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том Брејди?
- Детали
- понеделник, 24 јули 2023
„Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а следниот ден беа фотографирани додека тој ја милуваше по лицето“ – во светските медиуми се појавија првите заеднички фотки од Ирина Шајк и Том Брејди. Дали тие двајца се новиот популарен пар?
По заедничкиот одмор со Бредли Купер минатата година и фотографиите на кои му седи во скут многумина очекуваа дека Ирина Шајк (37) и Бредли Купер (48) ќе се смират, но папараците ја „уловија“ згодната руска манекенка со поранешниот сопруг на нејзината колешка, рагби играчот Том Брејди (47).
Том Брејди беше фотографиран како ја зема Ирина од хотелот Бел Ер вечерта на 21-ви јули, по што тие двајца се упатија во неговиот дом во Лос Анџелес.
По сè изгледа, поранешната девојка на Бредли Купер ја поминала ноќта во домот на рагби играчот, затоа што следното утро околу 9 и 30 часот парот бил уловен во моемтот кога тој ја носел дома, а таа на себе ја носела облеката од претходната вечер.
На заедничките фотки се гледа дека парот се смее, а во еден миг тој ја милува убавата Русинка по лицето.
Уште во јуни годинава дел од светските медиуми пишуваа дека тие двајца се во врска, кога на свадба во Сардинија таа наводно веднаш потрчала да се поздрави и флертувала со него.
Ирина тогаш ги отфрли пишувањата и рече дека станува збор за клевета.
Претходно Брејди беше поврзуван и со Ким Кардашијан, но ријалити ѕвездата рече дека тие двајца се само пријатели.
Инаку, тој 13 години беше во брак со манекенката Жизел Бундшен со која има 3 деца.
Прочитајте и Жизел Бундшен со непозната жена прави ритуали против „зли енергии“ по барањето за развод – сопругот не се интересирал за неа и децата
Б. С. Б. | Црнобело