Жизел Бундшен со непозната жена прави ритуали против „зли енергии“ по барањето за развод – сопругот не се интересирал за неа и децата
- Детали
- четврток, 06 октомври 2022
Неколку денови откако јавноста дозна дека Жизел Бундшен и Том Бреjди се разведуваат поради одлуката на рагбистот да ја продолжи кариерата, Жизел беше забележана со жена која изведуваше некаков ритуал пред нејзиниот автомобил. Наводно, жената била „експерт за отстранување негативна енергија“.
Неколку денови откако најми адвокат за развод, Жизел Бундшен беше забележана во Мајами со духовен водич. Наводно, жената со којашто е забележанa била „експерт за отстранување негативна енергија“.
Според папарацо фотките, жената прави некаков ритуал покрај автомобилот на Жизел со мирисливо стапче.
Потоа влегоа во куќата која најверојатно е домот на жената, а моделот остана внатре три часа.
Не е познато каква услуга побарала Жизел од жената - според Daily Mail, таа нудела терапија со звуци и светлина.
Според изворите, и Жизел и сопругот Том Брејди најмиле адвокати за развод, цели 13 години откако стапија во брак. Наводно, проблемите помеѓу нив кулминирале кога тој одлучил да ѝ се врати на спортската кариера.
За потсетување, Том е познат американски рагбист, а токму неговата кариера била главната причина за раздорот помеѓу него и Жизел.
„Мислам дека сега нема враќање назад. И двајцата имаат адвокати и сега треба да одлучат кој ќе добие што, вклучувајќи ги и заедничките финансии“.
Ова може да биде тешка битка за парот бидејќи тие имаат големо заедничко богатство, но и бројни куќи што ги купија заедно.
Покрај тоа, тие ќе треба да се договорат и за старателството на нивните деца кои се малолетни.
Изворите тврдат дека тие веќе живеат одвоено, како и дека Жизел била разочарана од одлуката на Том да се посвети на кариерата.
„Јас го направив мојот дел – да бидам овде за Том. Се преселив во Бостон и се фокусирав на тоа да создадам добра средина во која ќе растат моите деца и го поддржував него и неговите соништа.
Тоа што гледам дека моите деца се претвораат во убави личност и што гледам дека тој успева и е исполнет со својата кариера – ме прави среќна“, изјави Жизел пред да се појават гласините за разводот.
Но, сега таа смета дека прави преголема жртва за Том, додека тој се грижи само за себе.
Том самиот има изјавено дека поради кариерата, нема поминато ниту еден празник со неговото семејство.
„Не сум поминал Божиќ или Ден на благодарноста со семејството 23 години. Немам славено родендени со блиските пријатели. Не можам да одам на погреби, не можам да одам на свадби“.
Том замина во пензија за да може да минува повеќе време со семејството, самиот изјавувајќи дека сопругата и децата заслужуваат да имаат татко и сопруг кој ќе биде присутен. Но, сега се премислил.
Жизел била гневна и затоа што постои голема можност Том да се повреди додека игра, особено кога ќе се земе предвид дека има 45 години.
„Очигледно, загрижена сум – ова е насилен спорт, а имаме деца и би сакал да биде поприсутен. Одново и одново зборувам со него за ова. Но, изгледа секој треба сам да одлучува за себе“, изјави моделот неодамна.
Извори блиски до парот велат дека тие и претходно се расправале за ова, но сега Том ја „прелеал чашата“:
„Има проблеми во бракот поради неговата одлука да се врати од пензија. Жизел отсекогаш сама се грижела за децата. Тие се договорија Том да се пензионира за да може да се фокусира на семејството, а сега се премисли“.
Спирова С. | Црнобело