По фотката на која му седи во скут полугола, Ирина Шајк и Бредли Купер потврдија дека ја обновиле врската
- Детали
- вторник, 08 ноември 2022
За Ноќта на вештерките Ирина Шајк прошета маскирана како Бети Пејџ, „кралицата на разголените фотографии“, а Бредли Купер носеше костим на мечка. По оваа фотографија парот одлучи да не крие дека решиле да ѝ дадат втора шанса на врската, а коментарите од обожавателите се различни.
Фотографијата на која манекенката полугола седи во скутот на познатиот актер само дополнително ги подгреа гласините дека парот одлучил да ѝ даде втора шанса на врската.
За Ноќта на вештерките Ирина (36) одлучи да се маскира како Бети Пејџ, една од најпознатите пин-ап модели во САД, која своевремено била позната и по тоа што правела садо-мазо разголени фотографии.
„Убавицата и Мечката“, „Леле, мило ми е што конечно повторно сте заедно“, „Не ми се верува... Не сакам да верувам... Не верувам... Бредли не смее да си дозволи таква вулгарност“ – стои во дел од коментарите до фотографијата.
Само неколку дена подоцна, парот одлучи дека нема потреба повеќе да ги кријат убавите вести дека се заедно, па беа уловени како ги шетаат кучињата низ улиците на Њујорк, а папараци фотографите ја сликаа Ирина како го држи Бредли за задникот и како се прегрнуваат.
Познато е дека по разделбата во 2019-та година Ирина и Бредли беа во пријателски односи и заедно беа на одмор минатото лето, по што почнаа шпекулациите дека тие најверојатно ќе ѝ дадат втора шанса на врската.
Погледнете повеќе нивни нови заеднички фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело