Скопје (30.09.2015) Производителите на органски производи оваа година организирано се претставуваат на Агрофуд 2015. Беорг, Наша Добра Земја, Тера Органика, Биона, БиоКулт, Екогрин, Биофлор, Процерт, Балкан Биоцерт, Липа и Федерацијата на органски производители во Македонија, потпомогнати од IME (Increasing Market Employability) програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка, заеднички ќе ги претстават своите производи и бизнис приказни во посебен дел во кој акцентот ќе биде ставен на производството на здрава храна...