Од вечерва Баскерфест се сели во Карпош
- Детали
- среда, 22 јуни 2016
Два дена општина Карпош ќе биде домаќин на фестивалот кој шири позитивни вибрации- Баскерфест 2016.
Граѓаните на Карпош ќе можат да ги погледнат атрактивните баскер точки на жонглери, магионичари, кловнови, акробати на 22 јуни пред Сити Мол и на 23 јуни во трговскиот центар Лептокарија.
Секој ден програмата ќе започнува во 19:00 и ќе трае до 22:00.
Публиката ќе ужива во јапонската магија на Перформер Монк, светскиот шампион на 12 метарски моноцикл - Унипро Шоу, бразилскиот мајстор на илузијата - Диого Алварез, атрактивното огнено дуо - Мајсторот и Маргарита и многу други.
Бидете и вие дел од уличниот театар под отворено небо кој веќе традиционално единаесет години по ред шири насмевки во Скопје.