Мотоклубот “Потфат“ слави 18 години од постоење
- Детали
- четврток, 16 јуни 2016
Мотоклубот “Потфат“ по повод 18 години од постоење, ја организира веќе препознатливата “Hill Party” журка во нивниот клубхаус на Средно Водно од 17 и 18 јуни. Овој мото собир е од отворен карактер со цел да се сподели убавото расположение по повод полнолетството на клубот како и мото културата со сите поддржувачи и мото-ентузијасти.
Во наредните два дена сите посетители ќе имаат можност да уживаат во добра атмосфера проследена со квалитетна рок музика и храна и пијалок по пристапни цени. На овој настан се очекуваат и голем број на мотоциклисти од цела Европа за кој е обезбеден бесплатен кампинг простор од страна на клубот.
Програма:
Петок (17.6.2016)
1 - P. M.S.
2 - Back Door Band
Сабота (18.6.2016)
1 - Red House
2 - ТОА Е ТОА
3 - Eruption
POTFAT MC (PMC) е формиран во Гевгелија во 1998 година од група истомисленици составена од бајкери од Скопје и Гевгелија. POTFAT MC е воедно и првиот Македонски бек печ (back patch) MC, што значи првиот вистински MC формиран целосно според западни стандарди и правила на MC (клубовите), и воедно првиот Македонски клуб кој носи троделни клубски бои на задниот дел на елеците, правило за сите членови на клубот. Денеска PMC има два чептера,PMC “Мајчински Чeптер” (Mother Chapter) - Скопје и Chapter - Струмица. Клубот е активен преку целата година и во најразлични хуманитарни акции и блиску соработува со Црвен Крст на Република Македонија.