Уметничка изложба “FEEL IT DIGITAL” во недела во Концепт 37

Во недела, 26 јуни во арт-кафулето Концепт 37, во 19 часот ќе се отвори уметничката изложба "Feel It Digital" на уметникот Giga Kobidze's од Тбилиси, Грузија.

umetnicka-izlozba-feel-it-digital-vo-nedela-vo-koncept-37-2.jpg

Изложбата е овозможена од интернационалната компанија за развој на софтвери Сингулар и кафулето Концепт 37.

Гига е мултидисциплинарен талентиран креативец , специјализиран за сценографија, илустрација, дигитална уметност и фотографија. Тој го визуелизира животот, луѓето, околностите и сеќавањата на еден суров, автентичен, малку драматичен начин.

Во моментов, Гига го води одделот за дизајн во компанијата Сингулар.

umetnicka-izlozba-feel-it-digital-vo-nedela-vo-koncept-37-1.jpg

Присутните ќе имаат можност да купат од претставените 17 експонати, печатени на платно со А1 големина . Сите средства ќе бидат донирани за реновирање на лабораторија на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Изложбата која ќе биде отворена во 19:00 часот, ќе продолжи до доцна заедно со музика од диџеј Горан Кан.

umetnicka-izlozba-feel-it-digital-vo-nedela-vo-koncept-37-3.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg