„Д Фестивал“ на Дојранското Езеро ги собра најголемите регионални и светски музички ѕвезди
- Детали
- среда, 20 јули 2016
Dab Pistols, Тоy Dolls, Hladno Pivo, Hypnotized и Дубиоза колектив на едно место...
Шестиот по ред музички фестивал на Дојранското Езеро го привлече вниманието на повеќе од 10.000 посетители и ги надмина сите очекувања. Фестивалот беше отворен од страна на познатиот британски електро-рок бенд "Dub Pistols" коj ja воодушеви публиката со новиот албум, но исто така и со одличните ремикси на песни од други изведувачи.
Покрај нив, многубројната публика на Дојранското Езеро ја импресионираа и настапите на други светски и регионални музички сензации како што се ,,Toy Dolls", загребачкиот бенд ,,Hladno Pivo", белградските ,,Hypnotized", новосадските ,,Obojeni program", ,,Дубиоза колектив" и многу други.
Најголемо внимание првата вечер привлече белградскиот рок бенд ,,Hypnotized", особено едниот од двата вокали, фамозниот Hystery, кој со песната ,,Лубеница" предизвика најмногу овации.
„Посебна инспирација добив по изведбата на моите идоли од младоста ,,Toy Dolls". Секогаш е убаво да се свири пред одличната македонска публика, а најубаво е чувство кога половина публика ракоплеска, а половина вика ,,уааааа“, рече тој.
Фестивалот на Дојранското Езеро се одржува од 2011 година и секоја година се зголемува бројот на посетители. Изведувачите оваа година се специјално избрани со цел да се постигне поголема промоција но и позиционирање на фестивалот како еден од најважните фестивали во регионот .