Шпаркастично патување, ексклузивен настан на Шпаркасе Банка Македонија
- Детали
- петок, 15 јули 2016
Скопје – 15.7.2016 г. Шпаркасе Банка Македонија по повод свеченото отворање на фестивалот „Пивофест“, во соработка со Македонски Железници Транспорт АД, организираше ексклузивно патување со воз на релација Скопје – Прилеп – Скопје. На „Шпаркастичното патување“ присуствуваа бројни гости, соработници и вработени во Шпаркасе Банка Македонија, а посебен вагон беше резервиран и за #smladi – корисниците на Пакетот за млади, чиешто присуство го направи ова патување уште поинтересно.
„Шпаркастичното патување“ што започна со поаѓањето на возот кон Прилеп, претставуваше несекојдневен настан за сите поканети. Како дел од посетата на Прилеп, клиентите и соработниците присуствуваа на свеченото отворање на експозитурата на Шпаркасе Банка, на нова локација во градот. На овој настан Банката го промовираше новиот и модерен изглед во кој се обновуваат експозитурите, со внатрешно уредување и надворешно брендирање согласно со стандардите на Шпаркасе и Ерсте Групацијата. Воедно претставниците од Банката го промовираа концептот за опслужување на клиентите, овозможувајќи им целосна понуда на банкарски производи и услуги на едно место, вклучувајќи и понуда за осигурување и лизинг преку своите партнери и соработници С-Лизинг, Винер Осигурување и Винер Лајф.
Како дел од „Шпаркастичното патување“, за сите гости и соработници беше организирана посета на фестивалот „Пивофест“ каде што на штандот на Прилепска Пиварница гостите уживаа во добрата атмосфера. На полноќ заврши „Шпаркастичното патување“ со враќање со возот до Скопје.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.
Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 милијарди евра, повеќе од 2.300 вработени и преку 230 експозитури и регионални центри опслужува речиси 700.000 клиенти.