Овации за Црвената соба на МОБ во Тирана

Во саботата (02.06) балетот при МОБ настапи на сцената на Националната опера и балет во Тирана. Во полниот салон беше за прв пат меѓународно изведена претставата Црвената соба, модерен балет во кореографија на Игор Киров, сценографија на Марија Ветероска, костимограф е Александар Ношпал, а светло дизјанер Милчо Александров.

ovacii-za-crvenata-soba-na-mob-vo-tirana-01.jpg

Ова гостување се реализираше на инцијатива на директорката на балетот при МОБ, Олга Панго, при што беше потпишан договор за соработка помеѓу двете куќи, а воедно се најави и гостување на операта и балетот од Тирана и на сцената на МОБ во текот на 2017 година.

Важно за нас како куќа е да имаме што повеќе меѓународни настапи, така ја афирмираме нашата уметничка дејност, ја презентираме нашата куќа, а воедно сме и културни амбасадори на Македонија. Имаме многу квалитетен балет, што се потврди и со овациите на публиката за време на претставата и повеќе минутниот аплауз на крајот од претставата. Морам да нагласам дека ниту еден наш проект немаше да биде волку успешен ако не ја имавме несебичната поддршка од Министерство за култура на РМ. Исто така во оваа прилика сакам да му се заблагодарам и на нашиот амбасадор во Република Албанија, Н.Е. г-дин Стојан Карајанов, за големата поддршка и помош за време на нашиот престој во Тирана – изјави Олга Панго, директор на балетот при МОБ.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg