Пакомак во акција - Викендов во Дојран „Саунд оф грин“ и „Д Фествал“ покажаа висока еколошка свест
- Детали
- вторник, 19 јули 2016
Викендов во Дојран заврши музичкиот фестивал „Д Фестивал“ кој годинава на задоволство на сите присутни беше збогатен со музичката програма на веќе етаблираниот петти по ред фестивал „Саунд оф Грин“.
Покрај учеството на големиот број познати музички бендови неверојатниот музички вајб успеа да ги спои различните генерации на посетители. Она што беше вистински куриозитет на настанот е еколошката нота која Пакомак успеа да ја провлече низ овие два фестивалски дена. Како еколошки партнер на „Саундф оф грин“ нивната цел беше да ги мотивира посетителите да донесат пет (5) празни лименки или чаши на пултовите на „Пакомак“ а за награда секој еколошки одговрен учесник на фестивалот доби гратис пиво.
Ваквата акција имаше одличен одзив кај посетителите и за само еден час беа собрани повеќе од 5000 лименки. Целиот амбалажен отпад од трите фестивалски дена Пакомак се погрижи да заврши во кантите за рециклирање кои беа поставени низ цел камп и остантиот дел од Дојран.
„Ваквиот тип на собирање на амбалажен отпад станува наша пракса бидејќи во минатото се покажа како многу успешен начин за селекција на отпадот погоден за рециклирање. Но се разбира тука има уште еден бенефит и куриозитет, а тоа е што успеваме на младите да им влијаме еколошки дури и во моменти кога се забавуваат, бидејќи нашата крајна цел е токму тоа, да сфатиме сите дека еколошката култура е дел од нашиот секојдневен лајфстајл и би требало сите ние да бидеме еколошки одговорни без многу напор. Им благодарам сите млади луѓе кои го прифатија нашиот предизвик и успешно одговорија на задачата“, изјави Филип Ивановски, директор на Пакомак-друштво за управување со пакување и отпад од пакување.
Активностите на Пакомак викендов беа дисперзирани и во Прилеп каде напоредно се одвиваше Пивофестот и со истата активнст и тука беше собран значитлен број на амбалажен отпад со што Пакомак успешно го затвори фестивалскиот викенд.