Скопје (29.09.2015) Есента во Македонија пристигна, а со тоа дојде и времето кога главниот разговор во секое семејство се врти околу зимницата и што да се приготви и складира за зимските месеци. Главоболките околу купувањето на зеленчук и овошје за подготовка на ајвар, печени пиперки, кисели краставички, џемови и останатата традиционална зимница стануваат минато, бидејќи од 1-ви до 4-ти октомври на Скопски саем ќе се одржи Меѓународниот саем за широка потрошувачка, Агрофуд 2015, каде продажниот аспект на готовата традиционална зимница е гаранцијата за полните тегли. Освен квалитетната зимница, новитет се органските производи и македонската традиционална зимница, кои што се одгледани по најстрогите законски стандарди од исклучиво македонски производители...