Предизвици на транзицијата на семејните бизниси

На конференцијата практично и во детали ќе зборуваме за замките на семејните / приватните компании.

predizvici-na-tranzicijata-na-semejnite-biznisi-001.jpg

Сега споделуваме 3 начести замки:

  • "Прва работа на наследникот не смее да биде генерален менаџер",
  • "Членовите на семејството не треба да имаат повисоки плати од нивните колеги на иста позиција на која ги извршуваат истите задачи "
  • " Членовите на семејството треба да го почитуваат работното време"...

За жал, практиката не уверува дека се случува токму спротивното.

"Прва работа на наследникот не смее да биде генерален менаџер"

Дали некој разумен би вработил директор практикант/приправник? Се разбира дека не. И зошто на тоа место не би поставиле некој кој е со "сина" крв? И нека е образован/а во најдобрите училишта со најдобрите проценки завршени на време. За еден човек да не биде само наречен менаџер, но и навистина да го работи тоа, неопходно е да има и искуство. Постојат многу поевтини начини да се научи вештината на менаџирање. Поевтини и за компанијата и за наследникот и за основачот. Заштедата за компанијата е бидејќи грешките во бизнисот се плаќаат со пари. Заштедата за наследникот е бидејќи грешките може да се платат со опаѓање на довербата. А, заштеда за оној кој го именува доаѓа од тоа што нема да предизвикаат многу непотребни тензии. Постојат многу совети околу тоа на кој начин треба да се развива наследник на местото на генералниот директор, но и многу јасно дефинирани начини за обој пат по кој тие не треба да одат, меѓу кои едниот е дека не треба веднаш да се постави како генерален менаџер.

"Членовите на семејството не треба да имаaт повисоки плати од нивните колеги на исто работно место кои ги вршат истите задачи."

Оваа грешка ќе предизвика минимум два проблема. Првиот е дека луѓето кои се незаслужено платени мислат дека навистина заслужуваат и придонесуваат во однос на тоа колку пари добиваат (намерно не велиме заработуваат). Вториот е тоа што другите може да го видат она што се случува и да чувствуваат неправда. Кога велам за праведност во наградувањето, потребно да се земе во предвид дека, освен тоа што секој од нас оценува дали адекватно е награден за нивниот личен придонес, прави и споредба на нивниот придонес и придонесот на другата личност на истата позиција. Дополнително, најголем дел од вработените се особено чувствителни по однос на вреднувањето на членовите со "посебно презиме". Не само што ќе има поплаки, но ќе падне и нивниот ентузијазам и работна етика. Ако некој член на семејството има повисоки трошоци, тоа ќе се реши со тоа што ќе се одлучи да работи на друго место. Мама и тато може да помогнат, но само дома каде што е нормално родителите да помагаат.

За крај, "Членовите на семејството мора да го почитуваат работното време."

Овој совет дури и не треба буквално да се почитува. Тие можат да дојдат пред почетокот на работното време и да се заминат по работното време. Но, не може да дојдат подоцна и или да си заминуваат порано. Околу нив се луѓето на кои еден ден тие можеби ќе им станат шефови. Треба да имаат авторитет, и тоа ќе биде тешко доколку минуваат преку "лавиринтот татина или мајкина маза". Не знаеме дали мудроста, "Кога јас се мачев, тој/таа не мора" е уникатнa за нашиот регион. Всушност, не знеме дали тоа е мудрост. Дури и ако е оправдана, во трите наведени случаи не е применлива. Никој никого не мачи, ако му/и даде работа за која е квалификуван/а, ако за таа работа е адекватно вреднуван/а и ако поттикнува да ја почитуваат работната дисциплина.


Не треба да дојдете на конференцијата САМО доколку:

  • Мислите дека сте бесмртни и дека времето не поминува
  • Не им посакувате добро на Вашите наследници и на самите себе
  • Не сакате да се менувате
  • Не сте свесни дека на пазарот ќе се случат повеќе промени од во следните 5 години, отколку во изминатите 20.


Дел од прашањата на кои ќе разговараме се:

- На кого ќе ја оставите компанијата која ја градевте со години и во која поминавте сериозен дел од животот? Како се избира наследник? Дали наследници треба да бидат Вашите деца?

- Сакате да наградите менаџер со удел во сопствеништво на бизнисот? Или да ја продадете компанијата? Како се проценува вредноста на компанијата!

- Децата на партнерот треба да влезат во бизнисот... како да се постапи? Дали за ова се размислува при основање на компанијата? Кога имате 30 години, 45 или 60 години?

Бидете дел од конференцијата која ја адресира болката на македонските компании!

Aгенда за конференцијата, 24 јуни, среда, Скопски саем

Детални информации за агендата има на сајтот на конференцијата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg