„Нашето малку за некого многу“ – хуманитарна собирна акција
- Детали
- вторник, 26 мај 2015
Под мотото „Нашето Малку за некого Многу”, здружението „Хуманост без граници” ве поканува да усреќиме три социјално загрозени семејства заедно.
На 29 мај од 13 часот до 15 часот ќе бидеме пред Спомен Куќата на Мајка Тереза во Скопје, каде ќе се одржи хуманитарна собирна акција за помош на три социјално загрозени семејства.
Се собираат донации за:
- Meри Андоновска (женска облека за возрасни, не премногу гoлеми броеви, и машка облека за деца од 13 и 8 години, средства за хигиена и домаќинство)
- Малиот Адмир Рамадани (играчки, сликовници, едукативен материјал, обувки за дете од 5 години )
- Маја Алексовска ( женска облека и машка облека за млади, средства за хигиена и домаќинство)
Да покажеме дека секој со Своето Малку, може да придонесе за Многу.
Ве чекаме, подготвени заедно да направиме Добрина.