Даниел не ја однесе Македонија во финале, ова се првите 10 финалисти на Евровизија (видео)

Македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски вечерва настапи со „Autumn Leaves” во првото полуфинале на 60-то издание на Евровизискиот фестивал, но Македонија не се пласираше меѓу десетте финалисти.

daniel-ne-ja-odnese-makedonija-vo-finale-ova-se-prvite-10-finalisti-na-evrovizija-video-001

Првата полуфинална вечер се одржа пред десетилјадна публика во салата Штадхале во Виена, а телевизискиот пренос го следеа над 130 милиони гледачи во светот.

Од 16 полуфиналисти, 10 држави изборија пласман во финалето: Русија, Естонија, Грција, Белгија, Грузија, Албанија, Србија, Романија, Унгарија, Ерменија.

Претходно веќе гласаа членовите на националните жирија, а вчера, по настапите во живо гласаа и телевизиските гледачи, со што се комплетираа конечните поени од секоја земја учесничка.

Даниел имаше одличен настап, но очигледно повторно не беше доволно за да освои повеќе гласови и да ја внесе Македонија во финалето.

Даниел изјави: „Дадовме сè од себе на сцената и верувам дека емоцијата на “Autumn Leaves” допре до публиката. Многу ми значеше и поддршката на „Merj“ во изведбата. Им благодарам на сите фанови во Европа кои гласаа за нас. Учеството на Евровизија е едно големо искуство за мене, секоја чест за организацијата на фестивалот и се надевам дека најдобрата песна ќе победи“.

Второто полуфинале ќе се одржи во четврток, а финалната вечер на „Песна на Евровизија“ во сабота, 23. мај.

Ова се 10-те избрани песни и земји од првата полуфинална вечер:

1. Ерменија


2. Белгија


3. Грција


4. Србија


5. Естонија


Уште 5 избрани песни на следната страница...



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg