Се дружиме со Жаре и Марјана на 14. Пиво фест

Останува помалку од една недела до почетокот на 14. Пиво фест во Прилеп, кој се очекува да ги надмине минатогодишните испиени тони пиво и изедена скара.

se-druzime-so-zare-i-marjana-na-14-pivo-fest-001.jpg

Парни Ваљак, Хари Мата Хари, Аца Лукас, Александра Радовиќ, Рада Манојловиќ, Тропико Бенд, Самостални Референти, Fly Project, Каролина Гочева и Миле Кузмановски, се само дел од гостите кои ќе настапат на овогодинешниот Пиво фест кој ќе се одржи од 14 до 17 јули.

За се да помине во најдобар ред, на сцената ќе бидат Жаре и Марјана Станојковска. Водителот на “Еден на Еден” и популарната лото-девојка беа домаќини на Пивофестот и лани, а на пресот неодамна изјавија дека се пресреќни што повторно ќе се дружат со прилепчани.

Триесетте штандови ке бидат поставени на површина од 20 илјади метри квадратни, а за очекуваните над  350 илјади посетители, ке бидат обезбедени околу 20 илјади паркинг места.

МЖ ке пуштат дополнителни возови од Скопје и Битола, при што за патниците до 26-годишна возраст, билетите ќе бидат бесплатни.

Ќе биде одлична журка, се гледаме во Прилеп!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg