10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега

Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен според вистинска приказна – што се гледаше најмногу на Нетфликс во првата половина од 2024-та?

10-te-najgledani-filmovi-na-netfliks-za-2024-ta-dosega-01.jpg

Нетфликс објави листа со најгледани серии и филмови за првата половина од 2024 година.

Бидејќи кај нас не е достапна целат содржина на Нетфликс, ние ги издвоивме првите 10 филмови кои можат да се гледаат и во Македонија.

Ги прескокнавме и детските анимирани филмови, но доколку сакате, целата листа можете да ја погледнете ТУКА.

Што се гледаше најмногу на Нетфликс во првата половина од 2024 година?

Damsel

Со Мили Боби Браун во главната улога, Damsel e најгледаниот филм на популарната платформа.

Таа глуми млада девојка која се согласува да се омажи за принц.

Но, набрзо дознава дека целата венчавка е стапица – ја затвораат во пештера со змеј и самата мора да најде начин да преживее.

Lift

Lift е акциона комедија со Кевин Харт и Жан Рено.

Главниот лик е крадец кој по наредба на неговата бивша девојка, но и ФБИ, треба да изврши кражба на авионски лет од Лондон до Цирих.

Society of the Snow

Снимен според вистинска приказна, Society of the Snow е и по малку вознемирувачки филм.

Главните ликови се група луѓе кои преживуваат авионска несреќа, откако авионот се руши на Андите.

И, треба да покажат натчовечка сила ако сакаат да преживеат во суровите услови.

Under Paris

Критичарите го споредуваат францускиот филм со Jaws, па сигурно ќе ви се допадне ако ја сакате франшизата.

Главниот лик е млада жена која е научник и која треба да најде начин да спречи крвопролевање, откако дознав дека во Сена во Париз има огромна ајкула.

Mother of the Bride

Романтична комедија со Брук Шилдс во главата улога.

Таа глуми жена чија ќерка ненадејно одлучува да се венча.

Но, доживува поголем шок кога дознава дека таткото на идниот зет е нејзин поранешен дечко…

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg