Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди?
Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Натали Портман се прослави уште со првата улога на 13 години. Кои се првите улоги на светските ѕвезди?
Дури и светски познатите актери морале некаде да ја почнат кариерата. Некои со години се бореле да стигнат до слава и имале многу мали улоги пред светот да го дознае нивното име, а други успеале веднаш.
Прочитајте во кои филмови светските ѕвезди ги имале своите први улоги:
Роберт де Ниро, Trois Chambres à Manhattan (1965)
Денес зад себе има стотина улоги, но Роберт де Ниро ја почнал кариерата со улога на статист во европскиот филм Trois Chambres à Manhattan во 1965 година.
Хит Леџер, Ship to Shore (1993)
Австралискиот актер првата улога ја имаше далечната 1993 година во семејната комедија Ship to Shore.
Натали Портман, Léon: The Professional (1994)
Портман имаше само 13 години кога ја доби првата улога, која многумина ја паметат и денес. Таа глумеше мало девојче кое почнува да живее со професионалниот убиец Леон, откако тој го убива нејзиното семејство.
Никол Кидман, Bush Christmas (1983)
Австралиската актерка првата улога ја добила пред 41 година во филмот Bush Christmas, за семејство кое се обидува да ја спаси својата фарма од банкрот.
Леонардо ди Каприо, Romper Room and Friends (1979)
Еден од најпознатите светски актери имал само 5 години кога ја добил првата улога. Видеото може да се најде на интернет и денес.
Камерон Дијаз, The Mask (1994)
Своето деби во Холивуд, Камерон Дијаз го имаше пред 30 години, во филмот со Џим Кери, The Mask.
Џон Траволта, Emergency (1972)
Траволта првата улога ја имаше во серијата Emergency, а се прослави пет години подоцна кога го сними филмот Saturday Night Fever.
Морган Фриман, New York Television Theatre (1969)
Актерот кој се појавил во преку 1.200 серии, филмови, документарци и го позајмувал својот глас за синхронизација, кариерата ја почнал во 1969 во епизода на New York Television Theatre.
А. Ј. | Црнобело