Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле за улога
За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Бејл не само што драстично ослабел, туку јадел и живи црви.
Некогаш холивудските актери одат до крајности за потребите на филмот што го снимаат, како нагло слабеење и драстични промени во изгледот.
Но, некои актери се подготвени да прават и по малку одвратни работи, само за совршено да ја доловат нивната улога.
Дел од најодвратните работи што ги направиле актерите на филмски сет:
Хали Бери не се туширала за улогата во Jungle Fever
За да се подготви за улогата, Хали Бери не се истуширала две недели. Сепак, некои извори велат дека не се туширала два месеца додека го снимала филмот.
Таа глуми проститутка и зависничка од дрога, а за улогата има изјавено дека била многу поразлична од сè што играла дотогаш.
Но, истакнува дека оваа улога ѝ ја лансирала успешната холивудска кариера.
Николас Кејџ изел лебарка за улогата во Vampire’s Kiss
Во филмот, Кејџ глуми параноичен маж кој некогаш не ги разликува реалноста и фантазијата.
Сакајќи добро да го прикаже лудилото на неговиот лик, актерот честопати правел работи кои режисерот не ги ни барал од него.
На пример, за една сцена тој изел жива лебарка.
Режисерот има зборувано за бизарната сцена:
„Николас ми рече ’Нешто што мразам најмногу се лебарки. Па, дозволи ми да изедам лебарка пред камера“.
Мет Дејмон снимал сцени во депонија за филот Elysium
Дејството на филмот Elysium е сместено во иднина каде што Лос Анџелес е пренаселен и многу загаден град.
Па, за да се долови атмосферата, голем дел од сцените биле снимани во вистинска депонија.
По премиерата на филмот, Мет Дејмон изјави дека најголем дел од отпадот во депонијата биле всушност фекални материи.
„Постојано бевме извалкани. И, режисерот доаѓаше со маска на лицето да нè утеши – ни велеше дека снимките биле одлични“.
Леонардо ди Каприо „спиел“ во труп на мртво животно за улогата во The Revenant
The Revenant е филмот што му донесе Оскар на Леонардо ди Карпио, а актерот навистина одел до крајности за улогата.
Познат факт е дека за оваа улога, актерот кој е вегетаријанец изел живо месо.
Во филмот има и сцена каде што неговиот лик спие во мртво тело на животно со цел да се стопли.
И, за снимањето користеле вистински труп од животно.
Кристијан Бејл јадел живи црви за улогата во Rescue Dawn
Покрај екстремните промени на тежината, Кристијан Бејл е подготвен да направи и други работи за неговите улоги.
Во Rescue Dawn, тој глуми воен затвореник кој е однесен во затвор во Виетнам.
Очекувано, за улогата актерот драстично ослабел, но за некои сцени дозволувал да биде вистински удиран, но и јадел живи црви.
Според него, само вака можел да го долови очајот што го чувствува неговиот лик.
Никол Кидман уринирала врз Зек Ефрон во филмот Paperboy
И покрај одличната актерка екипа, Paperboy не беше добро прифатен, но многумина дискутираа за одвратна сцена од филмот.
Ликот на Зек Ефрон е нападнат од медузи и има сериозни повреди, а ликот на Кидман уринира врз него за да му ги намали болките – мит што е доста популарен.
И, актерката навистина уринирала врз Ефрон.
„Само ја снимивме сцената без многу размислување, бидејќи имаше смисла со целиот филм. Беше што беше“, има изјавено режисерот.
Спирова С. | Црнобело