10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај
Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и навистина мрачни трилери кои ќе ве држат во неизвесност до крајот.
Ако сакате мистерии кои се и по малку застрашувачки, веруваме дека ќе ви се допадне нешто од листата.
10 мрачни трилери кои ќе ве држат во неизвеснот, а можеби и малку ќе ве вознемират:
Stoker
Индија е млада девојка чиј татко умира, по што таа останува да живее сама со мајка ѝ.
Одеднаш, во нивната куќа доаѓа чичко ѝ Чарли, за кого таа никогаш претходно не чула, а неговото однесување ѝ станува сè почудно.
Three Billboards Outside Ebbing, Missouri
Главниот лик е Милдред, мајка чија ќерка била силувана и убиена.
Бидејќи злосторникот не е фатен и неколку месеци подоцна, таа поставува билборди пред влезот на градот, како потсетник за полицајците кои не си ја вршат работата.
Drive
Рајан Гослинг глуми холивудски каскадер кој му помага на маж да ограби продавница.
Но, со ова несвесно се вплеткува со опасни криминалци…
Prisoners
Главниот лик е маж чија ќерка исчезнува заедно со нејзината пријателка.
Додека полицијата работи на случајот, тој сам почнува потрага по девојките.
Primal Fear
Најдобриот адвокат во Чикаго работи на убиството на важен архиепископ.
Неговиот клиент е момче кое работи во црквата и е осомничено, но адвокатот се сомнева во неговата вина.