10 мрачни серии на Нетфликс (се гледаат во еден викенд)

Ако сакате фантазија, веруваме ќе ви се допадне јужнокорејската серија Hellbound. Ако, пак, сте расположени за хорор, Midnight Mass е одличен избор.

10-mrachni-serii-na-netfliks-se-gledaat-vo-eden-vikend-01.jpg

Мрачните филмови и серии опфаќаат повеќе жанрови, како трилер и хорор.

Оние добрите се придружени со забавна приказна, а додека ги гледате чувствувате низа емоции, особено страв.

Ако сте расположени за нешто мрачно, веруваме дека ќе ви се допаднат следниве серии на Нетфликс:

Behind Her Eyes

Главниот лик во популарната минисерија е Луис, самохрана мајка која работи во психијатриска канцеларија.

И, додека има афера со својот шеф, таа почнува да се спријателува со неговата сопруга.

Midnight Mass

Морничавата серија е дело на креаторот на Haunting of Hill House која до денес е мошне популарна.

Дејството е сместено во изолирана заедница во која пристигнува мистериозен млад свештеник.

А, по неговото пристигнување, почнуваат да се случуваат застрашувачки работи.

Black Mirror

Помина повеќе од една деценија од премиерата на Black Mirror, а со очекувањето на новите епизоди, нејзината популарност повторно се зголеми.

Black Mirror е антологиска серија која на застрашувачки и на моменти премногу реален начин ги прикажува потенцијалните закани од модерната технологија.

Alice in Borderland

Јапонците се веќе познати по мрачните филмови и серии со мошне добри и уникатни приказни.

Во јапонската серија Alice in Broderlend, главниот лик е Арису, страстен гејмер кој одеднаш се наоѓа во верзија на Токио која е целосно напуштена.

А, за да преживее, присилен да игра опасни игри.

The Sinner

Главниот лик е детективот Хари кој во секоја сезона работи на различен случај.

И, додека се обидува да ги реши мрачните и заплеткани мистерии, самиот се соочува со низа приватни проблеми.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg