10 мрачни серии на Нетфликс (се гледаат во еден викенд)

Hellbound

И Корејците веќе се истакнуваат со мрачните филмови и серии со добри заплети, па вреди да ја изгледате Hellbound, особено ако сакате и фантазија.

Дејството опфаќа период од неколку години, почнувајќи од моментот кога на Земјата се појавуваат натприродни битија кои почнуваат да ги носат луѓето во пеколот.

Dear Child

Дејството се фокусира на жена која мистериозно исчезнала.

13 години подоцна, таа успева да избега од заробеништво, а детективите пробуваат да откријат кој ја киднапирал и зошто.

Open Your Eyes

Главниот лик е Џулија, тинејџерка која има амнезија по несреќа.

Додека се обидува да се присети на својот живот, почнува да се сомнева во третманот што го добива.

Katla

Одлична исландска серија со примеси на мистерија и хорор.

Дејството е сместено во заедница во близина на вулканот Катла.

По неговата ерупција, луѓето од заедницата сведочат на низа мистерии.

Archive 81

Главниот лик е архивар кој добива задача да реставрира оштетени видеокасети.

Додека работи на касета со документарец за култ, се вплеткува во мистерија која го вклучува исчезнатиот режисер на филмот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg