10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле
Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го Last Night in Soho. А, ако сакате нешто со доза хорор, нема да погрешите со The Invisible Man.
Психолошките трилери се секогаш забавни за гледање бидејќи ни помагаат да ги истражиме најмрачните места на човечкиот ум.
Неретко се и вознемирувачки, но кога имаат добра приказна, ни стравот не ни дозволува да го тргнеме погледот од екранот.
10 психолошки трилери од 2020-тите што вреди да ги изгледате:
The Invisible Man
Инспириран од истоимената книга на Х. Г. Велс, The Invisible Man е трилер со примеси на хорор, а истражува теми како домашно насилство.
Главниот лик е Сесилија, жена чиј поранешен дечко ја лажира својата смрт.
Станува невидлив и почнува да ја демне и малтретира.
I’m Thinking of Ending Things
Главниот лик е млада девојка која со својот дечко оди во посета на неговите родители.
Тие живеат на изолирана фарма, а откако пристигнуваат, девојката почнува да се сомнева во сè што знае за дечко ѝ.
The Tragedy of Macbeth
Со Дензел Вашингтон во главната улога и во режија на Џоел Коен, The Tragedy of Macbeth е инспириран од истоимената шекспирова драма.
Главниот лик е шкотски лорд кој под влијание на три вештерки, станува убеден дека тој ќе биде следниот крал на Шкотска.
Anatomy of a Fall
Дејството на францускиот филм, кој беше номиниран и за Оскар, се фокусира на жена која е обвинета за убиството на нејзиниот сопруг.
Син ѝ, кој е слеп, е единствениот сведок и е во дилема што да прави следно.
The Nest
Џуд Ло го глуми Рори, бизнисмен кој со своето семејство се сели во друг град, со надеж за подобар живот.
Но, сфаќа дека оваа одлука може негативно да се одрази и на финансиите, и на неговиот брак.