Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија

Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може да се каже и за Gangs of New York кој не ја доби статуетката таа година.

10-filmovi-koi-ne-dobija-oskar-no-definitivno-go-zasluzhija-01.jpg

Мислењето на јавноста не секогаш е исто со жирито од Академијата за филмски уметности и науки кое одлучува кои филмови ќе добијат Оскар.

Низ долгогодишната историја на Оскарите, многупати се случило филм кој е фаворит на јавноста, па и на критичарите, да не ја добие златната статуетка за главната категорија.

Ова не значи дека филмовите кои победиле не ја заслужиле наградата, туку некогаш конкуренцијата е навистина голема.

10 одлични филмови кои не добија Оскар, иако дефинитивно го заслужија:

Once Upon a Time… in Hollywood

Последниот филм на Квентин Тарантино е инспириран од убиството на актерката Шерон Тејт, од страна на сектата на Чарлс Менсон.

Дејството на филмот е сместено во 1960-тите, а главните ликови се не многу популарен телевизиски актер и неговиот каскадер, кои се обидуваат да постигнат некаков успех во Холивуд.

Филмот изгуби од јужнокорејскиот Parasite на Бонг Џун Хо.

Lady Bird

Со Сирша Ронан во главната улога, Lady Bird е забавна драма која се фокусира на тинејџерските проблеми.

Главниот лик е по малку ексцентрична средношколка која пред матурирањето пробува да влезе во престижен колеџ, но и да стане популарна.

Наместо Lady Bird, Оскар за најдобар филм доби The Shape of Water на Гилермо дел Торо.

There Will Be Blood

Трилерот со Даниел Деј-Луис во главната улога се натпреваруваше со огромна конкуренција и изгуби од филм кој е исто мошне добар – No Country for Old Мen.

Главниот лик во There Will Be Blood е маж со единствена цел – да стане најмоќниот нафтен тајкун.

И, за да си го оствари сонот, немилосрдно ги манипулира и искористува сите околу него, вклучувајќи го и неговиот син.

Gangs of New York

Уште еден филм со Даниел Деј-Луис во главната улога.

Дејството на историската драма на Мартин Скорсезе е сместено во 1860-тите, односно во периодот на Граѓанската војна во Америка.

Главните ликови се членови на противнички банди во Њујорк чиј судир ескалира со многу насилство.

Филмот изгуби од мјузиклот Chicago со Ричард Гир.

Fargo

Со Френсис Мекдорманд во главната улога, Fargo е одличен спој на трилер и мрачна комедија.

Главниот лик е бремена полицајка која пробува да реши бизарно убиство во нејзиното гратче.

Наместо Fargo, Оскарот за најдобар филм го доби The English Patient.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025 The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wic...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg