Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија

Pulp Fiction

Повторно филм на Тарантино кој заслужи Оскар, но изгуби од Forrest Gump.

Главните ликови во филмот се гангстер, неговата сопруга, двајца убијци кои работат за него, како и двајца помали криминалци.

Настаните во филмот не се подредени хронолошки и следат низа инциденти, неретко со многу насилство.

The Shawshank Redemption

И The Shawshank Redemption изгуби од Forrest Gump.

Главниот лик е банкар кој завршува во затвор за убиството на неговата сопруга и нејзиниот љубовник.

Целото дејство се одвива во затворот и се фокусира на животот на банкарот зад решетки, кој не дозволува заробеништвото да му го убие духот.

Inception

Иако и The King’s Speech кој го освои Оскарот за најдобар филм е одличен, Inception на Кристофер Нолан е филмот за којшто се зборува и денес, цела деценија подоцна.

Дејството се фокусира на технологија која им овозможува на група луѓе да влегуваат во туѓи соништа.

Со ова, тие имаат моќ да всадат идеја (некогаш и опасна) во нечиј ум.

The Banhsees of Inisherin

Со Колин Фарел во главната улога, The Banshees of Imisherin се фокусира на двајца пријатели кој живеат на изолиран остров на Ирска.

По децении пријателство, едниот од нив одлучува дека повеќе не сака да разговараат и да се дружат.

Филот изгуби од Everything Everywhere All at Once (кој исто така вреди да се изгледа).

The Green Mile

Иако и контроверзниот American Beauty е одличен филм, многумина ќе се согласат дека не се ни споредува со The Green Mile.

Снимен според истоимената книга на Стивен Кинг, главниот лик е маж осуден на смрт на електричен стол.

Тој е обвинет за силувањето и убиството на две девојчиња, но како што му се доближува смртниот ден во затворот, едниот од чуварите почнува да се сомнева во неговата вина.

Погледнете и: 10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025 The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wic...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg