Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме
„Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ако е близнак на лик кој е веќе убиен“.
Кај нас, хит беа латиноамериканските сапуници, но овој жанр е популарен насекаде во светот.
Единствената разлика се продукцијата и јазикот на којшто зборуваат ликовите, но клишеата дефинитивно се исти во секоја сапуница.
На Редит, форумџиите ги споделуваат нивните „омилени“ клишеа од сапуниците:
„Кога некој прислушува разговор и престанува пред да го слушне најважното нешто што го менува целиот контекст на разговорот“.
„Кога одеднаш ќе се појави брат или сестра за кои никој не знаел. Уште полошо ако тоа е близнак на лик кој веќе е убиен во серијата“.
„Омилена ми е фразата ’Лажев за да те заштитам‘“.
„Сиромашна девојка се вљубува во богат маж, но мајка му ја мрази бидејќи е сиромашна“.
„Поради некоја причина, членовите на големо богато семејство одлучуваат да живеат во иста куќа, иако сите се возрасни“.
„Скоро секогаш има свештеник кој ја знае ужасната тајна на негативецот. Или, пак, кој е вистинскиот татко на главниот лик“.
„Кога некој има проблем што може да се реши со едноставен разговор, но штом ќе ја отвори устата, некој ќе го прекине, па решавањето се одолговлекува десетина епизоди“.
„Најмногу мразам кога некој има амнезија. За серијата да трае подолго, некој ќе си ја удри главата, ќе падне по скали или ќе има сообраќајка, го губи сеќавањето и целиот живот му се комплицира“.
„Никој не си ги соблекува чевлите кога влегува дома“.
„Ако две жени се бремени во исто време, можеме да очекуваме дека некако ќе си ги заменат бебињата“.
Спирова С. | Црнобело