Ја дрогирале Џуди Гарланд, организирале оргии: Скандалите на снимањето на „Волшебникот од Оз“
Иако ужива статус на култен филм, снимањето на „Волшебникот од Оз“ во 1930-тите било одбележано со бројни скандали и контроверзии, вклучувајќи и хоспитализирање на неколку актери.
Периодов можеби најактуелен е филмот Wicked со Аријана Гранде и Синтија Ериво во главните улоги.
Филмот е снимен според истоимената книга која, пак, е како спин-оф на книгата, а подоцна и филмот „Волшебникот од Оз“.
А, веруваме дека сте добро запознаени со дејството на „Волшебникот од Оз“ – девојче по име Дороти пристигнува во мистичната земја Оз, каде што се здружува со лав кој сака да биде храбар, плашило кое сака да има мозок, како и железен човек кој сака да има срце.
Дороти, пак, сака да се врати во родниот град Канзас, па сите заедно одат кај волшебникот за да им ги исполни желбите.
„Волшебникот од Оз“ премиерно беше прикажан во далечната 1939 година, а заедно со книгата ужива статус на култно дело.
Филмот ја лансира и кариерата на Џуди Гарланд, а тогаш бил можеби најголемо достигнување во кинематографијата и важи за еден од најгледаните филмови на сите времиња.
Но, иако филмот изгледа волшебно и е популарен и денес, снимањето било проследено со низа скандали и контроверзии.
Дел од нив во продолжение:
Џуди Гарланд била малтретирана на сетот
Кога почнало снимањето, тогаш 16-годишната актерка постојано била критикувана за тежината, а продуцентите не ѝ дозволувале да јаде и ја терале да пуши цигари за да го „потисне апетитот“.
Ја нарекувале чудовиште, прасе и што уште не, што секако, негативно се одразило на нејзиното ментално здравје.
Всушност, поради психичката тортура, Џуди редовно одела на психијатар уште пред 18-тиот роденден.
Покрај тоа, ја терале да користи амфетамин за да има енергија на снимањето, а навечер, пак, ја терале да пие апчиња за спиење.
Бидејќи ликот на Дороти е 12 години, а Џуди имала 16, морала да носи и многу тесен корсет кој ѝ ги притиска градите.
Како сето ова да не било доволно, продуцентите и сексуално ја вознемирувале младата актерка – ја допирале и постојано ѝ нуделе да имаат секс со неа.
Во една пригода, едниот од режисерите и удрил и шлаканица пред целата екипа бидејќи Џуди се смеела.
Џуди трпела сексуално малтретирање и од актерите со џуџест раст, од кои сите биле мажи постари од 40 години.
Актерите кои ги глумат џуџињата биле мошне проблематични
Покрај тоа што ја вознемирувале Џуди, актерите им создавале проблеми на сите.
Наводно, во хотелите во коишто отседнувале, секоја вечер организирале оргии.
А, бидејќи постојано пиеле и биле проблематични, во хотелот редовно имало и полиција, за секој случај.
„Беа мали пијаници. Секоја вечер се опиваа и полицајците ги бркаа низ хотелот“, има изјавено Џуди во 1967-ма.
Платата што ја добивале актерите што ги глумат џуџињата била многу, многу ниска.
Па, според дел од филмската екипа, тие биле и сексуални работници за да заработат нешто плус.