10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега

Atlas

Научнофантастичниот филм со Џеј Ло во главната улога е исто така еден од најгледаните на Нетфликс.

Таа глуми компјутерски експерт и е скептична во врска со вештачката интелигенција.

Кога робот престанува да ги слуша наредбите од луѓето, таа тргнува на мисија да го спречи.

Irish Wish

Уште една романтична комедија, овој пат со Линдзи Лохан во главната улога.

Главниот лик е Меди, млада жена чија најдобра пријателка се венча со љубовта на нејзиниот живот.

И, Меди треба да биде и деверуша на свадбата.

Rebel Moon (Part One и Part Two)

Иако обидот на Зек Снајдер да создаде нова франшиза во стилот на Star Wars не помина многу славно, филмот сепак е еден од најгледаните на Нетфликс.

Дејството на научно-фантастичниот филм се фокусира на колонија на работ од галаксијата на која ѝ се заканува уништување.

Badland Hunters

Дејството на корејскиот научнофантастичен филм се фокусира на апокалипса која настанала по силен земјотрес.

Главниот лик е маж кој, во целиот хаос, пробува да спаси тинејџерка од рацете на луд доктор.

Mea Culpa

Главниот лик е адвокатка која е во несреќен брак.

Нејзиниот нов клиент е мистериозен артист обвинет за убиството на неговата девојка, кој пробува да ја заведе.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025 The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wic...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg