10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот
Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно будење на ликовите – неколку филмови кои ќе ви бидат како мал одмор.
Авантуристичките филмови се доста популарен жанр бидејќи неретко прават да се чувствуваме како ние да сме дел од некоја луда авантура на некоја далечна дестинација.
Некогаш овие филмови се инспирирани од вистински приказни, а некогаш во себе кријат и важни поуки.
10 забавни филмови со кои ќе „прошетате“ низ светот:
Into the Wild
Into the Wild е биографски филм, инспириран од подвигот на Кристофер Мекендлс.
Иако е еден од најдобрите студенти на неговиот факултет, Кристофер е незадоволен од својот живот.
Па, ги продава сите работи што ги поседува и тргнува кон Алјаска за да живее во дивината.
The Motorcycle Diaries
Уште еден филм инспириран од вистинска приказна, овој пат Ернесто Гевара кој подоцна станува познат како Че Гевара.
Филмот опфаќа период од младоста на Че Гевара кога тој тргнува на пат низ Јужна Америка.
Друштво му прави пријател, а целиот подвиг му го менува животот.
The Beach
The Beach е филмот што можеби најмногу ја прослави Тајланд како туристичка дестинација.
Главниот лик е млад турист кој во Тајланд се обидува да пронајде остров за кој се шпекулира дека е „рај на Земјата“.
Заедно со неколку пријатели, тој успева да го најде островот…
The Way
Главниот лик е татко кој тргнува да го најде телото на неговиот син кој починал одејќи ја популарната планинарска патека El camino de Santiago.
И, додека пешачи низ Шпанија, самиот доживува некакво духовно будење.
Wild
И, уште еден филм снимен според вистинска приказна, односно мемоарите на жена по име Шерил Стрејд.
Шерил одлучува да ја изоди патеката позната како Pacific Crest Trail која е долга 1.800 километри.
Додека трае патувањето, таа се присетува на проблемите од нејзиниот живот кои ја натерале да тргне на овој пат.