„Зошто баба да раѓа дете? - Српска пејачка стана мајка на 52 години и открива низ што поминала
- Детали
- понеделник, 24 март 2025
Во шестата деценија од животот, по десетина години борба за потомство, српската пејачка Сања Малетиќ стана мајка во јуни 2024, но сега откри со какви коментари и осуда се соочила. „Ми велеа: 'Зошто баба да раѓа дете? Што чекала досега?' А кој вели дека сум чекала? Не е убаво тоа, никој не ја знае нашата борба. Мојата траеше десетина години...“
фото: Фејсбук
Српската пејачка Сања Малетиќ се реализираше во улогата на мајка на 52 години, во јуни 2024-та, а сега ужива во секој миг со нејзината наследничка Вања.
Вели дека борбата за потомство ѝ траела 10 години, дека сега е пресреќна, но, за жал, дека се соочила и со многу негативни коментари во текот на процесот.
Нејзината исповед за српската телевизија Blic:
„Се разбира дека мајчинството ме промени. Стилот на живот ми се промени од корен.
Станав понежна и поемотивна од порано и многу, многу посмирена.
Вања е копија на татко ѝ физички, а карактерно ќе видиме кога ќе порасне малку.
Бременоста ми помина мирно, без тегоби. Породувањето беше лесно, но закрепнувањето потоа подолго, но сепак мора да мислиш на бебето.
За стравовите да не зборувам – тоа е тешка тема. Многу му се молев на Бог ништо да не ѝ се случи. Многу беше тешка ситуацијата поради годините, желбата, борбата...
Потоа, си земав време за себе за да си го средам изобличеното тело од години примање хормони и терапија.
Инаку, немав страв ни пред 10 години кога ја започнав оваа борба, ни денес кога сум мајка.
Но, за жал се соочив со многу негативни коментари од типот „Зошто баба да раѓа дете?“ Што чекала досега?“
А кој вели дека сум чекала? Не е убаво тоа, никој не ја знае нашата борба. Мојата траеше десетина години...“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





