Српскиот комичар „BalkanDad“ им даде македонска ракија на водители во Австралија: „Со ова се убиваат бактерии“

„Ништо не може да те разбуди како чашка ракија наутро“ - напишаа водителите од утринската емисија во Австралија, кои за првпат пробаа македонска ракија која им ја донесе српскиот Инстаграм комичар, познат како BalkanDad, кој им покажа како се прави типичен балкански појадок, а за време на престојот тој проба и македонски бурек. 

srpskiot-komichar-balkandad-im-dade-makedonska-rakija-na-voditeli-vo-avstralija-so-ova-se-ubivaat-bakterii-01.jpg

Милош Недељков, на социјалните мрежи потпишан и познат како „BalkanDad“, е Србин кој уште на 1 година со семејството се преселил во Нов Зеланд, а потоа живеел и во Австралија, но на крај се вратил во родната земја.

Тој креира комична видео содржина, во која најмногу се фокусира на типичните балкански татковци, нивното однесување, реакции и чудни навики и манири кои тешко дека ќе ги разбере некој кој не е роден на овие простори.

Кликнете на видеото за да го погледнете:

Речиси секогаш на себе носи долна машка маица, или пак блуза ставена внатре во тренерките или панталоните, во комбинација со високи чорапи над ногавицата, а во уста секогаш има чачкалица за заби. 

Кликнете на видеото за да го погледнете:

Тој честопати патува во земјите од регионот и споделува искуства оттаму, но и ги пробува највкусните традиционални балкански специјалитети.

Сега Милош е во Австралија, каде освен што наоѓа локали каде се нуди храна од балканската кујна, промовираше и македонска дестилерија и бурекчилница, а гостуваше и во утринска емисија, каде на водителите им даде да пробаат македонска ракија.

Прочитајте и Јован и Никола имаат бурекчилница во Австралија: „Продаваме скоро 30 вкусови на бурек, ама најбарани се со месо и сирење“

Кликнете на видеото за да го погледнете:

Во емисијата водителите го претставија како српската сензација балкански татко, комичар од Источна Европа, кој на публиката ќе ѝ покаже како се прави класичен балкански појадок.

Во секое негово видео, гостување или подготовка на јадење има доза на хумор и шеги на сметка на типичните Балканци, па така и тука, ги насмеа дури и Австралијците кои беа малку зачудени од комбинацијата. 

Во емисијата, тој на шега вели дека типичните Балканци немаат проблем да се напијат ракија и на гладно за убивање бактерии, па им даде на водителите да пробаат македонска ракија, која им ја претстави како слаба.

Но, нивната реакција изгледаше како да не пробале ништо со појак вкус и на Инстаграм видеото напишаа: „Ништо не може да те разбуди како чашка ракија наутро“.

„Во балканскиот појадок има од сè по малку – јајце за протеин, сланина којашто е многу здрава, српски колбас, сирење, домат, кисели краставички, лук и кромид, јогурт...

Се посолуваат сите јадења и се јаде со вистински леб, кој се крши, овој вашиот на коцки е лажен леб“ – вели Милош за време на подготовката на оброкот, а ги изненади водителите кога се напи од водата од теглата со кисели краставички.

Погледнете го неговото гостување во утринска емисија во Австралија:

Прочитајте и Српскиот јутјубер „Balkandad“ воодушевен од посетата на Македонија – Јадеше симит погача, прошета по црквите и се возеше со жичница

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На бившата сопруга ѝ скрши ребро, доби забрана за пристап: Скандалозниот српски кикбоксер има нова ... Македонската јавност, покрај по спортските успеси, го знае Ненад Пагонис и од шо...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Врска со Милена Радуловиќ, докторка му роди ќерка – Бурниот љубовен живот на актерот Радован Вујовиќ За Радован Вујовиќ велат дека е голем заводник кој беше во врска со три познати ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg