Српскиот јутјубер „Balkandad“ воодушевен од посетата на Македонија – Јадеше симит погача, прошета по црквите и се возеше со жичница

Готви тавче гравче, покажува специјалитети што мораат да се пробаат во Скопје. Како српскиот јутјубер Милош Недељков им ја прикажа Македонија на своите следбеници на Јутјуб и Инстаграм и што беше она што најмногу го фасцинира во Охрид и Скопје?

srpski-jutjuber-voodusheven-od-posetata-na-makedonija-specijaliteti-shto-mora-da-se-probaat-vo-skopje-01.jpg

Српскиот јутјубер Милош Недељков на јавноста ѝ е попознат како Balkandad.

Препознатлив по неговите смешни видеа, во кои во голема мера се обидува да ги прикаже навиките и манирите на нашите балкански татковци, па и да се пошегува на нивна сметка, Милош брзо стекна голем број следбеници.

Тој е со потекло од Србија, но како дете со семејството се преселиле во Нов Зеланд, каде што пораснал и се образувал. По ова се преселил во Австралија заради кариерата, каде што живеел четири години, а потоа одлучи да се врати во Србија.

srpskiot-jutjuber-balkandad-voodusheven-od-posetata-na-makedonija-shto-mora-da-se-vidi-i-da-se-proba-vo-ohrid-i-skopje-02_copy.jpg

Иако Милош го загубил својот татко во 2018-та година, во една пригода изјави дека е сигурен дека ако тој сега беше жив и тој би се смеел на видеоснимките и на тоа што Србинот го прикажува.

Во последните неколку месеци, Милош беше во посета на некои од балканските земји, а неколку видеа објавени на неговиот Инстаграм профил се посветени на Македонија и неговиот престој во Охрид и Скопје.

srpskiot-jutjuber-balkandad-voodusheven-od-posetata-na-makedonija-shto-mora-da-se-vidi-i-da-se-proba-vo-ohrid-i-skopje-06.jpg

Тој ја посети нашата земја заедно со мајка му, а објавите, иако ја задржале дозата хумор, по која тој е препознатлив, сепак ни прикажуваат како странските туристи ја доживуваат нашата земја.

Што е она што странците го гледаат кај нас, а за нас е секојдневие?

„Црквите се прекрасни, водата е толку бистра и чиста, а ако Албанија беше земјата на Mercedes, во Охрид имав можност да видам најмногу автомобили Yugo во еден град.

Посетивме уште неколку цркви и на крај бевме да го видиме најубавиот поглед во градот кај Свети Јован Канео“ – раскажува Милош во едно од видеата.

Секако, посетата на Охрид не би била целосна доколку не се разгледа манастирскиот комплекс Свети Наум, а Милош за ова објави посебно видео.

„Што да кажам, целосно сум воодушевен… Манастирот е прекрасен, природата, црквата… Тука, каде и да погледнете, лево-десно, постојано гледате нешто убаво“ – вели тој.

srpskiot-jutjuber-balkandad-voodusheven-od-posetata-na-makedonija-shto-mora-da-se-vidi-i-da-se-proba-vo-ohrid-i-skopje-07.jpg

Тура по изворите на Црн Дрим од чијашто вода пиеше во видеото, ручек во ресторанот со жива музика, традиционална македонска храна…

Ова се само дел од работите што го фасцинирале Милош, но и неговата мајка, за која тој вели дека не можела да ја тргне насмевката од лицето.

По Охрид, Милош и мајка му го посетиле и Скопје, за кој вели дека е „Градот на статуите“.

„Овој град е многу убав пријатели. Многу е поразличен од Охрид, но многу убав и вреди да се посети.

Да, има голем број статуи, но тие нема да ви здодеат, затоа што стануваат сè подобри и подобри“ – вели тој.

srpskiot-jutjuber-balkandad-voodusheven-od-posetata-na-makedonija-shto-mora-da-se-vidi-i-da-se-proba-vo-ohrid-i-skopje-09.jpg

„Ако дојдете во Скопје, мора да ја пробате жичницата заради две причини: затоа што ќе го имате најубавиот поглед на Скопје, и можете одблиску да го видите Милениумскиот крст, најголемиот крст на Балканот“ – посочува Милош.

Што се однесува до специјалитетите што мора да се пробаат во Скопје, Милош направи цело видео кое го посвети на нив.

Интересно е што тој во видеата презентираше, симит погача, пастрмајлија и вртена баничка за која вели дека е бурек.

„Ало бре, прво си мислите, леб со леб, јаглехидрати со јаглехидрати… Но, навистина е многу вкусно. Вкусно…“ – вели тој за симит погачата.

Освен што ја посети нашата земја, Милош покажа дека е љубител и на нашата кујна, па така во едно од видеата го сподели неговиот рецепт за гравче тавче.

Погледнете го во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Партнерката на Милош Биковиќ објави фотка како го дои синот, актерот се жали дека деновиве сѐ се све... „Засега сѐ се сведува на плач. Плаче бебето, но плачам и јас“ – изјави Милош Бик...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Се венчале во тајност без никој да знае: Милош Биковиќ на роденденот ги зеде сопругата и синот од бо... Српскиот актер Милош Биковиќ на својот 36-ти роденден го доби најубавиот подарок...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg