Секој ден добивала масажа и имала куќна помошничка – Детали за сурогат мајката што го роди синот на Марија Шерифовиќ
- Детали
- вторник, 03 декември 2024
„Мојата сурогат мајка секој ден добиваше масажи, а имаше и хигиеничарка во домот, таа ми помогна да ми се оствари сонот, не беше роб“ – откри во една пригода Марија Шерифовиќ. Колку пари добиваат жените што се сурогат-мајки во САД и кои услови треба да ги исполнуваат?
Српската пејачка Марија Шерифовиќ на 2-ри декември го прослави првиот роденден на синот Марио, кого го доби со помош на сурогат мајка во САД.
Таа упати емотивна порака до него, во која откри досега непознати детали за неговото раѓање.
Инаку, претходно таа во повеќе интервјуа зборуваше за самиот процес на зачнување на бебето и откри дека откако имала неколку неуспешни обиди за ин витро оплодување, решила да го добие Марио со помош на сурогат мајка.
Прочитајте и Марија Шерифовиќ: „Се обидов, но не можев сама да ги износам бебињата, морав да побарам сурогат мајка“
Таа во едно интервју ги прокоментира негативните коментари за сурогат-мајчинството и откри какви бенефиции имала жената што ѝ помогна да го донесе на свет синот.
„Ужасно ми пречи што на Балканот, со должно почитување кон сите нормални, цивилизирани луѓе, некои други како да живеат во пештера.
Седам во Америка, се сончам и читам како луѓето во дневниците, емисиите, утринските програми зборуваат дека таа жена била врзана за радијатор, дека била малтретирано лице...
Господа драги, се работи за процедура за која се потребни илјадници документи, потпишани хартии. Мојата сурогат мајка секој ден добиваше масажи, имаше хигиеничарка во домот… Не можете да кажете дека се работи за робовладетелство“ – рече Марија.
Српските медиуми, пак, пишуваат за условите што сурогат мајката морала да ги исполни, според стандардните процедури во САД.
Имено, за да бидете сурогат мајка неопходно е никогаш во животот да не сте користеле опојни супстанци, алкохол и цигари.
За време на бременоста им е забрането да ја фарбаат косата или да одат во сауна, а исто така забрането им е да имаат и интимни односи три недели по оплодувањето.
Според законите во САД, сурогат мајките треба да бидат на возраст меѓу 21 и 42 години, претходно да имале барем едно нормално породување и секоја претходна бременост да била без компликации.
Освен ова, Марија побарала да биде вклучена во целата бременост и го следела развојот на бебето.
Сурогат мајките во САД добиваат околу 50.000 долари, со можност да добијат уште два надомести од по 10.000 долари. Освен тоа, може да бараат да им се обезбедат и голем број други работи, како облека и да им се подмират трошоците за приватните потреби.
Марија рече дека со нејзината сурогат мајка биле мошне блиски, дека секојдневно се слушале и заедно поминале низ сите предизвици на бременоста.
„Тоа е жената што ми помогна да ми се исполни мојата најголема желба“ – рече Марија.
Прочитајте и Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубов“
Б. С. Б. | Црнобело