„Сакаме работите да ги добиеме веднаш. Секоја порака и секој лајк што го добиваме нè наградува и прави да се чувствуваме убаво, па стануваме зависни од тоа. И доколку тоа задоволство се намалува, тогаш предизвикува тага, депресија, анксиозност и лошо здравје. И тогаш луѓето задоволствата ги бараат во лековите, алкохолот, цигарите, дрогата, храната, коцкањето, социјалните медиуми. Прифатете ја вистината дека вие сте одговорни за сè што ви се случува во вашиот живот. За вашите мисли, емоции, чувства, одлуки, зборови...“ - вели Катерина Ангеловска за CRNOBELO.com и советува како да си го подобрите животот.