„Сум сменил пелена 2-3 пати, Лука е убав на сопругата, а таа ќе го воспита во чесно момче“ – Јоце Панов за татковството

„Синот Лука повеќе личи на мајка и супер што е така, бидејќи Марина е поубава. Но, има и премногу сличности со мене, особено во карактерот, во начинот на гушкање, во начинот на радување, кога е среќен, страста што ја покажува кога нешто сака да добие“, раскажува за CRNOBELO.com пејачот Јоце Панов и ни откри како се снаоѓа како татко.

luka-e-ubav-na-soprugata-a-so-nejzinite-vrednosti-siguren-sum-deka-kje-go-vospita-nashiot-sin-vo-chesno-momche-joce-panov-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-01.jpg

Пејачот и професор по музика, Јоце Панов, и неговата сопруга Марина, пред 3 години го добија синот Лука. За Јоце секој ден со Лука носи нов предизвик, но вели дека синот му е најголемата среќа во животот.

Во разговор за CRNOBELO.com, Јоце ни откри и дека со синот се вистински другари и заедно одат во прошетки. Но, Панов ни призна и дека тој е „лошиот“ родител, па кога некој треба да го искара или да го смири Лука, сопругата му се јавува нему.

Во продолжение Јоце открива повеќе детали за татковството за CRNOBELO.com...

Се сеќаваш ли на моментот кога првпат го виде твоето дете?

Да, се сеќавам и цел живот ќе го паметам, а имам и слика. Тоа е навистина најубав момент во животот, чувство што не се опишува со зборови.

luka-e-ubav-na-soprugata-a-so-nejzinite-vrednosti-siguren-sum-deka-kje-go-vospita-nashiot-sin-vo-chesno-momche-joce-panov-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-11.jpg

Колку ѝ помагаше на сопругата Марина во обврските со Лука?

Лука се роди декември 2019-та година и за многу кратко почна короната. А јас, бидејќи воопшто не ме допираше тој момент на корона и немав никаков страв, цело време бев со луѓе.

Лука, пак, 90 отсто од времето го поминуваше со мајка му и баба му бидејќи тие повеќе се чуваа. Искрено, имаме среќа што многу ни помагаат баба му и нана му на Лука.

luka-e-ubav-na-soprugata-a-so-nejzinite-vrednosti-siguren-sum-deka-kje-go-vospita-nashiot-sin-vo-chesno-momche-joce-panov-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-10.jpg

Дали си од оние татковци што читале или раскажувале приказни или некако си немал време за тоа? Колку имаше време за синот поради честите патувања и настапи?

Поради мојот начин на живот и моите обврски, тој дел ми фали - да поминувам повеќе време со Лука.

Но затоа секогаш кога можам го користам секој момент да сум со него.

А сум му сменил и пелена 2-3 пати.

luka-e-ubav-na-soprugata-a-so-nejzinite-vrednosti-siguren-sum-deka-kje-go-vospita-nashiot-sin-vo-chesno-momche-joce-panov-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-12.jpg

Си го носел ли некогаш сам во парк, на прошетка? Како си се снашол во тие ситуации?

Сега кога веќе наполни 3 години почесто сум со него и често одиме сами јас и тој да шетаме.

Го носам секаде - и во парк и на игралиште и во кафуле. Веќе сам си бара кафе кога ќе седнеме некаде.

Кога сме сами, секогаш носам ранче полно со резервни реквизити за него: вода, пелени, маици.

luka-e-ubav-na-soprugata-a-so-nejzinite-vrednosti-siguren-sum-deka-kje-go-vospita-nashiot-sin-vo-chesno-momche-joce-panov-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-13.jpg

Колку е всушност голем предизвикот да се биде добар татко?

Татковството навистина бара посвета и жртва ако сакаш да го воспиташ детето добро и како што треба. Бара голема жртва, но тоа се најубави маки.

luka-e-ubav-na-soprugata-a-so-nejzinite-vrednosti-siguren-sum-deka-kje-go-vospita-nashiot-sin-vo-chesno-momche-joce-panov-za-predizvicite-vo-tatkovstvoto-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg