Отец Душко Пецов е на служба во Германија: „Има сè повеќе крштевки и венчавки, Македонците се сплотуваат кај нас во црква“

„Во Црквата во Дортмунд доаѓаат голем број Македонци и тоа особено за големите празници. Во неделите и за помали празници помалку, но сепак ги има. Преку богослужби и посетата на Црквата многу луѓе се запознаваат меѓу себе, дури и некои се мажат/женат и основаат семејства“, вели Отец Душко Пецов (43) од Зрновци, кочанско, кој во Германија живее веќе 10 години со сопругата.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-01.jpg

Отец Душко Пецов (43) од Зрновци, кочанско, завршил средно Богословија во 1999 година, а за ѓакон бил ракоположен точно на роденденот 26.09, а свештеник станал на денот на неговото крштевање на 14.10.2004 година.

Веќе 10 години е на служба во Германија, каде се преселил и живее со својата сопруга Анита.

За CRNOBELO.com тој споделува како изгледа неговата служба и живот таму:

Колку години живеете и работите како поп во Германија?

Првата служба ја започнал во Делчево, па потоа во кочанскиот крај околу 7 години.

Првпат на мисија во Европа започнав во 2010 година во Виена во црквата Св. Наум Охридски и таму одев само по потреба за поголеми празници.

Во 2013-та се појави потреба за постојан свештеник во Дортмунд, во црквата Свети Кирил и Методиј и фала му на Бога до ден денешен сум тука, веќе 10 години сум тука.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-17_copy.jpg

Живеам сам со мојата сопруга, а на 50 километри од мене е брат ми со својата фамилија и трите дечиња.

Родителите ми се во Македонија, но доаѓаат често на гости.

Живеам во Црковниот дом во Дортмунд, во близина на аеродромот.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-29.jpg

Дали бевте испратен таму и затоа се преселивте?

Да, во разговор со надлежниот митрополит господин Пимен и за потребите на Црковната општина отпатував за Германија.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-04.jpg

Како испадна да бидете свештеник токму таму?

Моите почетоци во Европа беа во Виена и прво за таму разговараме со г. Пимен и со тамошната управа да бидам постојано.

Но, во тој период се појави потреба во Дортмунд, бараа помлад свештеник и г. Пимен разговараше со нас и ние прифативме.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-19_copy.jpg

Како е да се биде свештеник толку далеку од дома?

Хм, за некои луѓе ова е подвиг и гледаат на тоа како една мисија и ценат и почитуваат. Додека пак други си велат секој сака странство, поубаво е.

Не е лесно да се остави кариера, фамилија и сè останато и да се почне нов живот, но многу прекрасни луѓе овде нè прифатија како нивни и се навикнавме.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-11.jpg

Дали токму вие ги сплотувате македонските иселеници таму?

Постојат неколку клубови, уметнички друштва итн., но пристапот на Црквата кон луѓето е сосема поинаков.

Преку богослужби и посетата на Црквата многу луѓе се запознаваат меѓу себе, дури и некои се мажат/женат и основаат семејства.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-30.jpg

Колку Македонците доаѓаат во црква?

Доаѓаат да, и тоа во голем број особено за големите празници. Во неделите и за помали празници помалку, но сепак ги има.

Радува фактот што младите се повеќе се воцрковуваат, постат и се исповедаат.

Има сè повеќе и повеќе крштевки и венчавки.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg