Отец Душко Пецов е на служба во Германија: „Има сè повеќе крштевки и венчавки, Македонците се сплотуваат кај нас во црква“
Што ви паѓа најтешко од животот и работата таму?
Немам тешкотии, се правам искрено и со љубов.
Оние кои ме сакаат уште повеќе ги сакам, оние кои ќе слушнам дека зборувале нешто лошо за мене и Црквата и од нив го земам најдоброто и не им се лутам и со тек на време и тие стануваат добри и пријатни верници.
Имам голема поддршка од Црковната управа и од народот.
Би сакале ли да дочекате пензија таму?
Здравје, само Господ го одредува нашиот пат.
Секако би сакал. Сега имаме нова Црква и голема е радоста на сите.
Најубаво за мене е децата коишто сум ги крстел и младите околу мене, кои ми помагаат, е еден ден и да ги венчавам и крстам нивни деца.
И овде и сега ќе ја искористам можноста да се заблагодарам на целиот народ за помошта околу Црквата, на Црковната управа која ме поддржува во сè, на сите кои помагаа и апел и понатаму да помагаат и да остваруваме нови успеси.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело