Отец Душко Пецов е на служба во Германија: „Има сè повеќе крштевки и венчавки, Македонците се сплотуваат кај нас во црква“

Има ли некои настани/собири си помагате ли едни на други?

Порано имавме повеќе, сега по короната не. Оставаме тоа да го прават клубовите, но секако безрезервно ги поддржуваме и стоиме зад нив.

На поголемите празници во Црква имаме дружба.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-10.jpg

Сега со изградбата на новата Црква добивме и една сала во која, моја голема желба е да организираме дружба за децата и младите, да учат веронаука, македонски јазик, хор и др.

Младите да се дружат, а секако и пензионерите.

За тоа колку помагаме, други треба да кажат тие, а јас мислам да, во секој поглед.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-05_copy.jpg

Колку Германците се религиозни?

Не многу, но се почитуваат и тоа е во ред.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-24_copy.jpg

Како се приспособи вашето семејство?

Најпрво со страв и резервираност, но потоа кога видовме какви добри луѓе има и нè прифатија како дел од нив беше лесно.

Навистина постојат луѓе кои буквално нè сакаат и нè ставаат како дел од нивните семејства.

Тоа е благодат, навистина.

И овде во самата Црква, членовите на управата се прекрасни и се грижат за нас, едноставно не сакаат.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-15.jpg

Работи ли сопругата?

Ние сме заедно околу Црквата.

Се грижиме за црковните простории и дворот заедно, а таа исто така и пее на св. Богослужби.

И секако води грижа за едно големо дете, а тоа сум јас.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-12_copy_copy.jpg

Има ли дискриминација?

Со соседите имаме добар контакт и досега не сум почувствувал никаква дискриминација.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-13.jpg

Зошто ја обожавате својата работа?

Работа?! Не, тоа е служба, во која се слави Бога и се поучува народот.

Си ја сакам и живеам за секој момент.

Може да се каже дека 24 часа трае мојата служба затоа што и секој однос надвор од храмот се трудам да биде како што треба. Има слабости и грешки, но сето тоа е нормално.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-21.jpg

Јас би рекол и дека многу слабо имам приватен живот.

Сè подредуваме и правиме во името Божјо.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-02.jpg

Што ви се допаѓа најмногу од животот во Германија?

Редот! Има ред и дисциплина во секое поле.

Секој си ја гледа својата работа. Кога се работи се работи, кога е одмор се одмора.

otec-dushko-pecov-e-na-sluzhba-vo-germanija-ima-se-povekje-krshtevki-i-venchavki-makedoncite-se-splotuvaat-kaj-nas-vo-crkva-26.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg