Искористете ја кората од јаболкото на неколку начини
Јаболката се едни од омилените есенски плодови од кои може да подготвувате најразлични рецепти. Но, наместо да ја фрлате нивната кора, може да ја искористите на неколку практични начини.
Таа содржи многу хранливи материи, но, ако сепак не сакате да ја јадете, искористете ја за нешто друго:
Направете желе или чипс
Јаболката се преполни со антиоксиданси, особено во кората. Половина од присуството на витаминот Ц во јаболката се наоѓа во кората. Својата доза на антиоксиданси може да ја добиете за појадок со желе направено од кората или со сладок чипс од кората.
Сè што треба да направите е парчињата кора од јаболко да ги испрскате со малку вода, шеќер и цимет. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и ставете ги во рерна на 150°C, додека не станат крцкави.
Сварете чај
На овој начин ќе извлечете најмногу антиоксиданси од кората на јаболката. Ви треба само кора од јаболка 3 до 4 филџани вода, пола лажичка цимет, 1 лажичка мед и 1 лажичка лимонов сок. Во еден сад ставете ги сите состојки освен медот и варете 15-ина минути. Исцедете го, додајте го медот и имате совршено здрав пијалак.
Освежете го воздухот
Јаболката и циметот на многу луѓе им се омилени мириси во домаќинството. Варете ја кората од јаболкото, циметот, ѓумбирот и лимонот. Оставете да испарува додека мирисот се шири низ домот.