Сладок десерт од јаболко
Сигурно сте пробале досега многу рецепти за торти, пити и колачи со јаболка. Но, некогаш не мора толку многу да се трудите да подготвувате различни теста, во кои јаболката ќе бидат само додаток. Искористете ја идејата за јаболкото да биде главниот десерт.
Со брз рецепт и малку вештина ќе имате вкусно овошно задоволство со кое сите ќе ги изненадите.
Потребно:
- неколку јаболка
- 200 гр брашно
- 1 чаша млака вода
- малку сол
Подготовка:
Во еден сад сипете го брашното, додајте малку сол и постепено додавајте од млаката вода додека го замесувате.
Месете го тестото додека не добиете хомогена смеса како за леб. Потоа со сукало растегнете кора и исечете ја на мали ленти.
Откако тестото е подготвено, измијте ги јаболката, отстранете им ја едната страна кај дршката и испразнете им ја внатрешноста.
Сета срцевина измиксајте ја во блендер, а доколку сакате ,по желба може да додадете цимет, мед или ореви.
Штом ја добиете слатката смеса, наполнета ја внатрешноста на јаболката и затворете ги со лентите тесто една преку друга, како плетка за корпа.
Така подготвени наредете ги во плех и ставете ги во рерна загреана на 150 степени.
Извадете ги штом се зацрвени тестото и уживајте во најслаткото јаболко.