Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
-->
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дали веќе ја подготвивте?
Иако има различни рецепти за посна сарма, сепак сармата со праз е меѓу омилените, особено ако е правена по старински рецепт кој се пренесува со генерации...
-->
Потребни состојки:
- 1 голема главица кисела зелка
- 3-4 страка праз
- 3 шолји ориз
- 1 сува црвена пиперка
- 1-2 чешниња лук
- бибер, ловоров лист, малку сол и вегета
Начин на подготовка:
- Празот исечкајте го ситно, па запржете го на масло.
- Оризот добро измијте го, па додајте го во тавчето со праз. Пржете на средна температура додека не добие стаклен сјај. На крајот додајте ги чешнињата лук, ситно исечкани.
- ДОдајте зачини: сол, бибер, малку вегета и исечкана сушена црвена пиперка. По желба, ако сакате сармата внатре да е црвена наместо бела, ставете и 1 лажичка црвен пипер.
- Одвојте ги листовите зелка и во секој лист ставете по една лажица фил и свиткајте ги сармите.
- Наредете ги сармите во тенџере, во кое на дното сте ставиле листови кисела зелка.
- И преку сармите ставете листови зелка, а најгоре и ловоров лист.
- Прелијте ги сармите со вода (да има околу половина прст вода над нив).
- Печете во загреана рерна на 180 степени околу три часа.
- Послужете ги дури откако убаво ќе остинат.
А. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com
-->
Би можело да ве интересира:
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...