3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)

Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични за ручек или за вечера. Содржат голем број витамини и хранливи материи, а ќе ви помогнат и во варењето на храната.

3-recepti-za-supi-za-ramen-stomak-shto-se-podgotvuvaat-za-30-minuti-01.jpg

Ако сакате да имате рамен стомак, тогаш овие три рецепти сигурно ќе ви се најдат и ќе сакате да ги подготвувате често.

Супа за рамен стомак

Станува збор за вегетаријанска супа, полна со хранливи влакна и многу малку калории, која се подготвува за 20-тина минути.

Потребни состојки:

  • 1 лажица маслиново масло;
  • 120g исечкана тиква;
  • 60g исечкан кромид;
  • 1 поголем пашканат (исечкан и излупен);
  • 2 чешниња исечкан лук;
  • Мало парче исечкан ѓумбир;
  • ½ лажичка куркума;
  • ½ лажичка мелен ким;
  • 1 лажичка сол;
  • 1l вода;
  • Коцка за супа;
  • 400ml сос од домати;
  • 120g исечкана блитва;
  • 400g несолен сварен наут;
  • 1 голема лажица оцет;
  • Малку исечкан магдонос.

Начин на подготовка:

  • Во големо тенџере се става малку масло, па се додаваат исечканата тиква, кромидот и пашканатот да се пропржат;
  • Зеленчукот се пржи околу 5 минути додека да омекне, па се додава лук, ѓумбир, куркума, ким и сол;
  • Состојките се пржат со постојано мешање, околу една минута;
  • Се додава вода, коцка за супа и сос од домати, па се остава да зоврие, по што температурата се намалува;
  • Супата се остава да крчка додека зеленчукот да омекне, околу 8 до 10 минути;
  • Се додава сечкана блитва и наут, и супата се вари уште 2 минути со постојано мешање;
  • Супата се трга од оган, па ѝ се додава оцет и магдонос и се сервира топла.

7551492-26af9c8e516148e99b2723cb80cf36f5.jpg

Кремаста супа со брокула

Ова е идеална супа за сите љубители на зеленчукот со силен вкус, како праз и целер. Се подготвува за 30 минути, а ќе добиете оброк за 6 лица.

Потребни состојки:

  • 3 големи лажици несолен путер;
  • 2 страка праз (измиени и ситно исечкани);
  • 50g ситно исечкан целер;
  • 1 чешне лук (ситно исечкано);
  • 1 брокула со средна големина;
  • 800ml вода;
  • Коцка за супа (растителна);
  • ½ лажичка мајчина душица;
  • 1 лажичка сол;
  • 50ml слатка павлака;
  • 4-5 страка зелен кромид (ситно исечкани).

Начин на подготовка:

  • Во големо тенџере на средна температура се става путерот да се стопи, па се ставаат празот и целерот за да се пропржат додека да омекнат, околу 6-8 минути;
  • Се додава лукот и се остава да се пропржи околу 1 минута;
  • Се додава вода и коцка за супа, се ставаат и цветчињата брокула, па се намалува температурата на ринглата;
  • Супата се остава да се вари околу 12-тина минути додека да омекне брокулата, па се додава мајчина душица и сол;
  • По ова, супата се става во блендер за да се испасира (ако треба и во неколку наврати);
  • Се отвора блендерот и се додава слатка павлака, па повторно се блендира накратко, додека да се измешаат состојките;
  • Се декорира со ситно исечкан млад кромид и се сервира.

Cream-of-Broccoli-Soup-b3260f8436cc4e3f8c30d3155c3af744.jpg

Супа од грав и сланина

Станува збор за големо количество супа кое ќе можете да го јадете и следниот ден. Се подготвува за околу 30 минути, а сигурно ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

  • 2 големи лажици маслиново масло;
  • 100g кромид (ситно исечкан);
  • 1 морков (ситно исечкан);
  • 30g целер (ситно исечкан);
  • 2 чешниња лук (изрендани);
  • Неколку гранчиња магдонос (ситно исечкани);
  • 1 мала лажичка мајчина душица;
  • 1 лажица сол;
  • 800ml вода;
  • Коцка за супа;
  • 800g сварен бел грав (2 тегли);
  • 50g исечкана сланина;
  • 50g исечкана свежа зелка;
  • 1 голема лажица вински оцет.

Начин на подготовка:

  • Маслото се загрева во поголемо тенџере и се додава кромид, морков, целер и лук;
  • Зеленчукот се пржи со повремено мешање додека да омекне, па се додава магдонос, мајчина душица и сол;
  • Се додава вода, коцка за супа и процедениот сварен грав, па се остава супата да зоврие, по што се намалува температурата;
  • Се додава сечкана сланина, па тенџерето се покрива и се остава да се вари околу 10-тина минути;
  • Се додава сечкана зелка и оцет и се вари уште 5 минути.

3879403-2d975eb2dee04fdcbe43db48207109a9.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg