3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да јадете во деновите кога постите без масло?
Започнаа велигденските пости, а со оглед на тоа што од исхраната се исклучени маслото и месото се чини дека луѓето што постат се ограничени во поглед на храната.
Но, тоа не мора воопшто да биде така.
Денес во маркетите и на пазарите имаме производи во изобилие, а овие вкусни рецепти може да ви се најдат за деновите кога не знаете што да приготвите.
Можете да приготвите посни тестенини или пак, посен ориз, а исто така, убаво би било еден ден да се изненадите себеси и со вкусна киноа.
Шпагети со потпечен сусам и лук
Потребни состојки:
- 500g посни шпагети;
- 5 чешниња лук (рендани);
- 30g потпечен сусам (без масло);
- ½ лажиче црн бибер;
- 2 лажичиња сол.
Начин на подготовка:
- Шпагетите се варат според упатството на амбалажата;
- Пред да бидат готови им се додава една чаша студена вода и се процедуваат;
- Потпечениот сусам се става во процесор за храна да се сомеле;
- Во мало тавче, се става лукот со малку вода, па се динста на рингла за да омекне;
- Во тенџерето се додава издинстаното лукче и се меша со шпагетите;
- Шпагетите се сервираат во посебни чинии и на секоја порција се додава од измелениот сусам и малку црн бибер;
- Шпагетите се сервираат со зелена салата.
-->
-->
Ориз со лозови листови и билки
Потребни состојки:
- 1 купче лозови листови (свежи или од тегла);
- 10 бели делови од млад кромид (ситно исечкани);
- 1 врзоп свеж копар (ситно исечкан);
- Малку нане;
- 350g бел ориз;
- 800ml вода (зовриена);
- 1 лажиче сол;
- ½ лажиче црн бибер.
Начин на подготовка:
- Оризот се мие убаво со студена вода;
- Во тенџере се ставаат 800ml вода да зоврие;
- Во длабок сад на вода се динста младиот кромид, се додаваат исечканите лозови листови, а потоа се додава и оризот;
- Состојките се оставаат да се пропржат околу 3-4 минути со постојано мешање, а потоа се додава и зовриената вода;
- Кога оризот ќе почне да се згуснува се додаваат исечканиот копар и листовите нане и се меша полека;
- На крај се додава сол и бибер и оризот се послужува топол.
-->
Киноа со грашок и шери домати
Потребни состојки:
- 200g киноа;
- 400g наут (од конзерва);
- 150g шери домати;
- 10 ливчиња нане;
- 100g грашок (од конзерва);
- 2 млади кромитчиња (само зелените делови);
- 1 лажиче ким;
- ½ лажиче буковец;
- Кора од 1 лимон;
- Сок од 1 лимон;
- 2 лажичиња сол;
- ½ лажиче црн бибер.
Начин на подготовка:
- Во големо тенџере се остава околу 800ml вода да зоврие;
- Киноата се мие убаво со студена вода, се процедува и се става во зовриената вода;
- Се додава 1 лажиче сол и киноата се остава да се вари околу 15 минути на тивок оган;
- Киноата со трга од оган, се процедува и се става во длабок сад;
- Шери доматите се сечкаат на половинки и се додаваат во киноата;
- Се додава измиениот грашок, измиениот наут и исечкани зелени делови од млад кромид;
- Салатата се зачинува со ким, кора од лимон и сок од лимон, па се додава сол, црн бибер и се меша.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...

Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Викенд рецепт: Сочно пилешко месо и зеленчук, како од ресторан
Како да подготвите цела кокошка, но без месото одвнатре да биде суво и жилаво? С...