Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече

Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго свежи, од нив можете да направите вкусен чизкјек кој ќе го послужите како десерт.

vikend-desert-chizkejk-so-preliv-od-jagodi-shto-ne-se-peche-01.jpg

За да го подготвите овој чизкејк нема да имате потреба да матите тесто или да го печете.

Ќе треба да подготвите само два фила и кора од бисквити.

Потребни состојки:

За основата:

  • 250g бисквити (искршени);
  • 100g путер (стопен).

За филот:

  • 400ml кондензирано млеко;
  • 300g крем сирење;
  • 200ml слатка павлака;
  • Кора од еден лимон.

За прелив:

  • 450g јагоди (исчистени и исечени на половина);
  • 50g шеќер;
  • 1 голема лажица вода (студена).

Начин на подготовка:

  • За подготовка на преливот, 200g јагоди се ставаат во мало тенџере со шеќерот и 1 лажица студена вода;
  • Јагодите се оставаат да се варат околу 5 минути на тивок оган со постојано мешање, додека да омекнат;
  • Јагодите се тргаат од оган и се додава остатокот од неварени јагоди и се промешуваат, па се остава преливот да се олади;
  • За основата, во длабок сад се ставаат издробените бисквити и се мешаат со стопен путер, па се ставаат во обложен калап за торта и од нив се формира кора;
  • Готовата кора се остава да се олади 20 до 30 минути во ладилник, додека да се стврдне;
  • Пред да се олади кората, со миксер се матат кондензираното млеко, крем сирењето и слатката павлака, додека да се добие смеса;
  • Се додава кората од лимон и се мати уште неколку минути;
  • Готовиот фил се распоредува врз основата од бисквити и се прелева со преливот од јагоди;
  • Тортата се остава во ладилник да отстои најмалку 3 часа или преку ноќ.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за торта со јагоди и крем без печење Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg